ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО
Ние ги носевме момчињата во викендичката за време на викендите кога нивните родители беа на работа. Имавме комплет за нишање и лизгање во кои што тие уживаа, како и голем за мок со тобоган. Блер ги носеше на плажа каде што тие градеа замоци од песок, играа со фризби и фудбал и газеа во водата. Ги носевме на една фарма со пилиња и во зоолошка градина со домашни миленичиња каде што тие можеа да ги хранат животните. Тие помагаа при берењето на јагоди и малини, а подоцна можеа да уживаат во мојот џем од јагоди и питата со малини која што сите во семејството ја обожававме.
Во есента 1996 година, на возраст од 3 и пол години Мајкл почна половина од денот да го поминува во Блејсдеил Монтесори училиштето, приватно училиште каде што децата учат за основите на вештините за доживотно учење заедно со самостојност, способност за концентрација, самопочит, вештини на дружење и спо- собност за согласување со другите. Често пати јас го земав на пладне, мојата мајка ќе дојдеше со мене и ние одевме на ручек во Свис Чалет ресторанот кој што и‘ беше омилен на мојата мајка. Мајкл секогаш порачуваше пилешки прсти и пржени компирчиња, и однапред се радуваше што ќе добие нешто од Ковчегот со богатство кој што ресторанот им го нудеше на децата на крајот на оброкот. Мајкл одеше во ова училиште уште неколку години на целодневна база, и ручаше со другите ученици. Сите ученици носеа овошје на училиште и учествуваа во подготовката на овошјето, на пример, во лупењето и сечењето на јаболката за ужинка.
Неколку недели откако почина мојата мајка во мај 1998 година, се роди Томи (Томас Блер), а следната 1999 година, неколку месеци откако почина мојот татко, се роди и Ендрју. До февруари 2000 година ние чувавме четири внуци, од кои двајца беа во пелени. Кога Мајкл се запи- ша во прво одделение, Блер и јас почнавме да одиме во куќата на Дена во Пикеринг и да ги чуваме двете момчиња, Мајкл и Ендрју. Јас останував дома во деновите кога Сузана ги носеше Вилијам и Томи за чување. Бидејќи смената на Сузана траеше 12 часа, во тие денови тие беа кај нас дома на појадок, ручек и вечера, што беше многу долг ден со обврски за сите нас.
Секоја пролет и лето, додека беа помали, Вилијам, Томи и Ејдан играа за различни фудбалски тимови. Некои недели ние ги носевме на тренинзи, но искрено, ние се менувавме кога требаше да одиме на нивните натпревари. Бидејќи често пати секој од момчињата играа на различен терен во различен парк во текот на истиот ден, ние помагавме така што ќе однесевме едно од момчињата на неговиот натпревар, додека другите родители носеа по едно од другите момчиња на различните локации. На овој начин ние го менувавме нашиот распоред секоја недела така што можевме да ги гледаме сите момчиња како играат.
Момчињата на Сузана, еден по еден, почнаа да учат да свират на пијано на Бичис музичкиот конзерваториум којшто го посетуваа со години. Често пати, бидејќи нивните родители работеа во смени, ние ги носевме на часовите по пијано. Бевме среќни што можевме да помогнеме и да бидеме вклучени во нивните животи. Тие, исто така, имаа среќа што нивната мајка, која што поседуваше огромни музички вештини, можеше да им помогне со одредени тешки делови во нивната музика. Тие станаа пијанисти, но не продолжија, туку само Вилијам продолжи со свирење на пијано. Бидејќи ние имавме пијано, многу сакавме да ги слушаме како свират кога беа дома кај нас. Ние исто така уживавме да присуствуваме на нивните бројни пијано рецитали.
Вилијам беше замолен да свири за учениците во училиштето и кога ја свиреше најоми- лената – „Тема од војна на ѕвездите“ тој наиде на одличен прием кај публиката проследен со аплаузи. Вилијам беше надарен за музика и имаше вродена способност, имаше совршен слух, така што тој беше во состојба кога ќе слушне едно музичко дело, не само веднаш да го отсвири, туку исто така и да ја забележи со ноти музиката само со едно слушање. Вилијам, исто така, пишува музика и се чини дека е особено заинтересиран за џез и рок. Тој, исто така, учеше да свири на гитара. Тој има страст и за историја и планира да студира музика и историја на Универзитетот.
Вилијам, Томи и Ејдан посетуваа македонско училиште кое што го водеше учителката Блага Дафовска, но не беа во состојба да продолжат затоа во истото време тие беа ангажирани во спортски активности, како што се хокеј, фудбал и теквондо во кои што тие повеќе уживаа и им дадоа предност во однос на јазичното училиште. Томи и Ејдан сега имаат црни појаси по теквондо.
Момчињата останаа заинтересирани за, и вклучени во нивните спортски активности, при што Вилијам играше рагби и хокеј на трева, Томи играше фудбал и хокеј, додека Ејдан продолжи да ужива во хокејот, но играше и рагби за училишните тимови.
Од доцна есен до доцна пролет семејството беше многу ангажирано, бидејќи сите три момчиња играа хокеј на различни нивоа, секој од нив имаше тренинг и натпревар, така што во текот на неделата и во викендите тие многу ноќи беа отсутни. Многупати момчињата беа облечени во нивната хокеарска опрема и подготвени чекаа на нашата влезна врата за нивните родители да ги земат и директно да ги однесат на нивниот натпревар.
Хокејот, исто така, ни одземаше време на Блер и мене, бидејќи секогаш кога можевме ние присуствувавме на сите натпревари за да ги гледаме момчињата како играат. Блер ги изненадуваше сите бидејќи обично тој беше молчелив, мирен човек, но секогаш успеваше да го пушти неговиот „хокејски глас“ за да навива кога даваа гол, но исто така и да вика кога сметаше дека му беше нанесена неправда на нашиот тим.
Бидејќи и Томи и Ејдан имаат талент за уметност и дизајн, тие беа запишани на часови по уметност каде што учеа за боите, техниката и сликањето. Тие, исто така, работеа скулптури со глина и правеа многу интересни грнчарски предмети. Томи направи голем број убави сли- ки и визуелни уметнички дела.
Интересот на Томи за дизајнот продолжи да се развива и додека одеше во средното училиште Кардинал Њумен тој дизајнираше и изгради мост од 38 цм, изработен од тенки парчиња дрво, кој што можеше да издржи неверојатна тежина од 66 кг и кој што беше најјак од сите други модели кои што ги направија неговите соученици. Затоа, овој неверојатен, мал а толку јак мост, беше изложен во неговото училиште неколку недели за да може сите да му се восхитуваат.
Томи беше единствениот од неговите соученици во одделението кој што беше избран од неговиот Технички клас да им се придружи на неколкумина постари ученици и да учеству- ва во Натпреварот по дизајн и градежништво, одржан на Универзитетот во Торонто, каде што учествуваа повеќе од 40 училишта. Ним им беа дадени разни материјали за да направат Руб-Голдбергова машина која што претставува изум кој што е смешно премногу комплициран или има премногу непотребни делови со цел да се изведе едноставна задача. Во овој случај задачата беше да се изгаси запалена свеќа. Тие го направија овој најинтересен, но тежок предизвик и успеаја да се пласираат меѓу врвните 20 училишта.
Томи планира да аплицира на програмата за градежна технологија на Џорџ Браун Колеџот. И Мајкл и Ендрју кога беа мали играа фудбал и ние често ги носевме на нивните фудбалски тренинзи кога нивните родители работеа и ретко кога испуштавме некој од нивните натпревари. Ендрју не продолжи, но кога Мајк порасна, тој беше сѐ поодушевен и покажуваша вистински интерес и страст кон фудбалот и стаса до тоа да биде еден од најдобрите фудбалски играчи во неговиот тим.
Додека одеше во јавното училиште, на крајот на училишната година, учениците во училиштето во Скарборо учестуваа на атлетски натпревар кој што се одржа на Брчмонт Стадионот. Кога Мајкл беше во повисоките класови, тој беше спринтер и беше избран да учествува во штафетните трки како трет тркач заради неговата брзина. Тој, исто така, се квалификуваше да трча во трката на 200 метри. Кога беше 8-мо одделение тој играше за сениорскиот фудбал- ски тим кога тие победија на шампионатот во Скарборо.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Wow, amazing weblog layout! How lengthy have you been running a blog for?
you made running a blog glance easy. The whole look of your
site is excellent, as smartly as the content!
You can see similar here ecommerce