Спасовски: Почестен сум што го потпишав првиот Договор помеѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик

Почестен сум што го имав задоволството денеска да го потпишам првиот Договор помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик. Среќен сум што покажавме дека еднаквоста доаѓа преку разбирањето дека сите работиме за заедничка цел – во интерес на заедницата, на граѓаните, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Македонскиот народ, како што истакна Спасовски, сега веќе го препознава единството, станува реален сведок на заедничката европска визија, здружен со сите европски народи.

-Или, од аспект на Договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Република Северна Македонија – тоа ќе значи безбедни граници на нашата држава, автоматски зајакната безбедност на македонските граѓани, а со тоа и зачувување на границите и безбедноста на државјаните на Европската Унија. Партнерство кое носи ВИН-ВИН ситуација!

Со други зборови, брзото распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или странски полициски службеници на критични точки на границите, од една страна ќе овозможи ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата, но од друга страна ќе претставува и зајакната заштита од потенцијални закани поврзани со сериозниот криминал со прекугранична димензија.

Договорот со ФРОНТЕКС претставува гарант за имплементација на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам, како и почитување на основните права и обврски од претходно договорениот оперативен план од страна на сите учесници во оперативните активности, напиша Спасовски на Фејсбук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *