На денешната седница на Владата ќе се донесат одлуки со кои ќе се либерлизира пазарот и во делот на природниот гас, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Колку што сум информиран, ЕСМ достави писмо до Макпетрол и до другите компании кои покажале интерес да го снабдат ЕСМ и топланите со природен гас до утре, најкасно до петок да достават понуди за ноември, а доколку имаат количинии до крајот на грејната сезона. Моментално само Макпетрол има лиценца за снабдување со природен гас во нашата држава, но денеска на седница на Владата ќе се носат соодветни одлуки и ќе се ослободат одредени капацитети што ќе можат да се користат од сите трговци што значи дека ќе се либерализира пазарот и во делот на природниот гас, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
За антикризните мери за стопанството рече дека навремено се направени соодветните анализи од сите институции.
-Наместо да купувавме природен гас во претходните месеци со цени од 3500 евра сега денешната цена е околу 1100 што е тројно помалку. Тоа покажува дека институциите работат согласно точни информации и целосно сме усогласени со тоа што треба да се донесе во Европската комисија, рече Бектеши и додаде дека од 1 декември ќе има мерки за компаниите од прехранбената индустрија, основните и средните училишта и за комуналните препријатија кои стопанисуваат со водни пумпи и пречистителни станици.
За мерките биле информирани стопанските комори и најважно од се, како што кажа, е дека стопанството ќе има предвидливост.
Нагласи дека очекува земјава навремено да добие помош од Европската комисија за справување со екнергетската криза.
-Денеска го потпишав писмото до ЕК согласно разговорите што ги направивме со комесарот Вархеји со нашите конретни барања како држава и во наредниот период ќе имаме одговор. Не би сакал да зборувам за сумите и конкретните барања заради тоа што уште течат преговорите, а во нив покрај нас се вклучени и сите држави од регионот. Очекувам нашата држава да има дополнителна помош која ќе дојде навремено и со соодветна сума за потребите и на стопоанството и на мерките кои се реализираат во државата, рече Бектеши.
Во писмото бараме, прецизира, од 1 јануари да се прошири списокот на ранливите категории на граѓани кои добиваат помош за електрична енергија и за енергенси, бараме кофинансирање на одредени субвенции кои веќе ќе почнат да се реализираат за да се градат фотонапонски централи на покривите на домаќинствата и на микро и малите претпријатија, како и директна субвенција и на компаниите кои се на отворен пазар на електрична енергија и на тие кои се на регулиран пазар со цел да се задржи нивната конкурентност на регионално, но и на европско ниво.
Чекам, додаде, конкретна понуда со суми и начин на испорака и банкарски гаранции за нашите граѓани да бидат обезбедени согласно процедурите. Кога ќе имаме таква понуда, обврската е на ЕСМ да ја одберат најдобрата и најповолната.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?