СТОРИЈАТА НА ЌЕРКАТА НА ДАНА – СУЗАН ЏИНА СКОТЛАНД (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Јас, Сузан Џина Скотланд, родена сум на 15 февруари, 1967 година во Торонто, Онтарио, Канада. Торонто, е убава светска метропола лоцирана на северниот брег на езерото Онтарио. Градот е составен од повеќе општини меѓу кои и Скарборо и е опкружен со бројни заедници кои ја сочинуваат поголемата површина на Торонто (GTA). Тој е дом на мул- тикултурно население и може да се пофали со многу уникатни и разновидни населби и сакани професионални спортски тимови, како „Торонто мапл лифс“ (хокеј), „Торонто блу џејс“ (безбол) и „Торонто рапторс“ (кошарка).

Учев во Државното училиште „Данфорт гарденс“ во Скарборо, почнувајќи од градинка па сè до завршувањето на 8 одделение (1971-1980). Средношколските години ги поминав во сред- ношколскиот институт „Портер“, во периодот од 1980 до 1985 година. Бев многу академски ориентирана, со особено високи достигнувања по математика и природните науки, а мојот презафатен воннаставен распоред, главно, се состоеше од музика и македонски фолклор.

Свирев хорна во сите бендови во основното и средното училиште, како и во дувачки квинтет. Исто така, дома свирев пијано и земав неделни часови со години. Сакав да свирам и тоа го чувствував како експресивен и емоционален издувен вентил, но на крај престанав со часовите по пијано иако одев на 9ниво во Кралскиот конзерваториум за музика.

Многу години бев член на ансамблот „Македонка“. Бројни часови имав потрошено на пробите, учејќи нови кореографии и вежбајќи плетенки – ора, како што се „водарки“ и „калајџиско“, кои научив да ги играм до совршенство! Со текот на годините, настапувавме на многу промоции, фестивали, како и мултикултурни забавни настани (на пример, годишниот CHIN пикник на островот Торонто и Денот на Канада во Градското собрание на Торонто). Сепак, апсолутен врв да се биде член на ансамблот

„Македонка“ беше нашата посета на Македонија во јули 1982 година. Поминавме неверојатни три недели на турнеја низ цела Македонија и настапивме на неколку концерти и фестивали како, на пример,.Валандовскиот фолкфест.

Работам како квалификувана медицинска сестра во болницата „Свети Михаил“ во центарот на Торонто од 1991 година. По завршувањето на средното училиште, се запишав да учам за медицинска сестра на Универзитетот во Торонто, каде и се стекнав со диплома за медицинска сестра. По дипломирањето, имав привилегија да патувам во Холандија на работен престој за да стекнам искуство во областа Исто така, неодамна положив стручен испит по хемофилија во болницата „Свети Михаил“. Ова беше образовна можност за мене да се стекнам со знаење за хемофилијата и другите нарушувања на крвотокот, така што ги завршив студиските модули и посветив дел од моите работни часови со тимови за хемофилија и нарушувања на крвотокот, кои обезбедуваат исклучително специјализирана и експертска нега на своите пациенти.

Да се биде медицинска сестра во првите борбени редови значи дека вршам многу важна и значајна работа. Мојата најважна улога, сепак, е родител на моите три прекрасни момчиња, Вил, Томи и Ејдан Карни. Тие веќе се пораснати и сега имаат 19, 17 и 15 години. Да се биде мајка на момчињата значи многу активност и многу веселби во текот на годините! Продавници за играчки, лего коцки, книгите за јунакот Хари Потер, Војна на ѕвездите и Марвел играчките – суперхерои, бројки, костими и филмови владееја во текот на нивното детство.

Сето ова и нивните воннаставни активности: како хокеј, фудбал, тае квон, фудбал, пливање, пијано и часови по уметност ги одржуваат момчињата активни и им дозволуваат да се развијат и да ги истражуваат своите вештини и таленти. Мојот брак со нивниот татко, за жал, заврши, но јас сум многу благословена со три умни и цврсти синови кои се веќе оформени личности. Вил, Томи и Ејдан се различни индивидуи и личности, но сите споделуваат фантастична смисла за хумор, а серијата „Игра на тронови“моментално е нивен миленик!

Сестра ми, Дена, и јас бевме многу блиски со баба и дедо, кои живееја многу блиску до нас. Речиси секој ден се гледавме со нив! Постојано се радувавме што ќе одиме кај дедо и баба, главно, во петоците навечер за да престојуваме преку целиот виќенд.Дедо ја негуваше својата просперитетна зеленчукова градина секоја година, а баба готвеше вкусна кокошка со ориз и ќофтиња, макало и зелник со домаш- но лиснато тесто. Во текот на 50-тите години нивната кујнска маса од „арборит“ (жолте- никав дизајн со жолти винил столови) имаше идеална големина и површина за сукање на неј- зиното тесто, тенко како хартија, и таа маса и столчиња сега ја красат кујната во мојот дом.

Нашето семејство многу беше вклучено во македонската заедница, како дел од Здружението на селаните од Неволјани и како членови на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Редовно присуствувавме на банкети, божиќни и велигденски ора и излети. Дена и јас одевме во училиштето за македонски јазик при црквата „Свети Климент Охридски“ и во средношколскиот центар „Мидленд“во саботите наутро и многу години бевме членови на ансамблот „Македонка“. Пораснавме во пошироко семејство со тетки, чичковци и роднини, кои ќе ги видевме на специјални функции, во специјални прилики и при редовното одење на гости. Баба и дедо имаа голем круг на македонски пријатели и се чинеше дека сите се знаат меѓу себе! Ја гледав баба ми како неофицијална и сакана „матријарх“ на семејството Терпин, тука, во Торонто.

Бевме воспитувани со силно чувство за нашата македонска култура и етничко потекло, кое ни го пренесоа баба и дедо, а и преку мајка ми и татко ми кој беше почесен“ Македонец. За првпат со баба и дедо ја посетив Македонија во 1977 година, кога имав 10 години. Имав привилегија да се запознаам со многу роднини од Неволјани, вклучувајќи ја и мојата прабаба, баба Нумица, и бев сведок на повторното  обединување на баба и дедо со семејството по многу, многу години. Тоа за мене, по многу нешта, беше посебно патување.

Исто така, од големо значење е обемната и неуморна волонтерска работа на мајка ми во македонската заедница. Таа помина децении помагајќи и учествувајќи во активностите на црквата „Свети Климент Охридски“ како член на женската секција и разни други комисии во Канадско-македонското катче и во Македонско-канадскиот детски фонд, само за да именувам неколку од организациите/каузите што се од големо значење за неа.

Исто како што баба ми и дедо ми беа горди на својата традиција, тие беа подеднакво горди и благодарни Канаѓани. И покрај сите можности и погодности во кои бев израсната, чувствувам дека отсекогаш бев свесна за загубите и неволјите низ коишто поминале баба ми, дедо ми и мајка ми и издржале на нивниот пат кон новиот живот во Канада. Баба ми и дедо ми многу се радуваа на своите две внуки и секогаш правеа да се чувствуваме дека сме одгледани со љубов и безусловно сакани; слично на тоа, и моите родители помагаа во грижата и одгледувањето на нивните шест внуци.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE