„Левица“ денеска до Собранието ќе го поднесе барањето за покренување референдум

Претседателот на „Левица“ Димитар Апасиев денеска ќе го предаде барањето за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво до архивата на Собранието.

Тој на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека се собрани 750 потписи кои денеска ќе ги предадат во собраниската архива.

– Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев.

Како што рече верува дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека очекуваат да бидат сериозно сфатени како опозиција.

– Се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива, рече Апасиев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *