Средба на Петровска со Мејер и Тарквинто: Заеднички продолжуваме да го менуваме ликот на македонската Армија

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со заменикот шеф на мисија во американската амбасада, Ерик Мејер и со новопоставеното аташе во Северна Македонија, полковникот Мајкл Тарквинто.

На средбата, како што соопшти МО, станало збор за одличната одбранбена соработка помеѓу САД и Северна Македонија, стратешки партнери и сојузници во Алијансата. Петровска се заблагодари за одлуката за поддршка на развојот на Армијата со 78 милиони долари.

-Сојузничката поддршка со 78 милиони долари значително ќе помогне во развојот на капацитетите на Армијата, во нејзината модернизација и опремување, како и во развојот на сајбер одбраната. Заеднички го менуваме ликот на Армијата и ја зацврстуваме колективната безбедност и одбрана и за тоа сме исклучително благодарни, рекла министерката на средбата.

Заменикот Шеф на мисија Мејер и полковникот Тарквинто порачале дека САД остануваат посветени на соработката со Северна Македонија, која е посветен сојузник во Алијансата и активно придонесува кон безбедноста на евроатлантската област.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *