Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.

– Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.

Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

 

One thought on “Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје

  1. This article was very well-written and informative. Im curious about others’ opinions. Click on my nickname for more interesting reads!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *