Османи по 77. Генерално собрание на ОН: Северна Македонија бележи квалитативна промена од консуматор во земја давач на безбедност

Односот и содржината на наративот од и кон Северна Македонија на 77. Генерално собрание на ОН првпат бележи квалитативна промена – од земја што бара поддршка за својата меѓународна позиција, во земја од која се бара поддршка и активно придонесува во колективната безбедност, прво како земја членка на НАТО, второ како земја преговарач со ЕУ и трето како претстојна земја претседавач со ОБСЕ.

Ова го изјави на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, по минатонеделното присуство на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк, во рамки на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

– Тоа е квалатативно важна разлика. Од земја која што обично на тие настани ги претставува своите проблеми, во земја на која што и се претставуваат проблемите на другите земји. И тоа се многу причини, поради тоа. Прво, се разбира нашето членство во НАТО, коешто ја менува веднаш меѓународна позиција на земјата. Второ, е почетокот на преговори. И тоа се забележуваше во Њујорк затоа што третманот го имавме како да веќе сме земја членка на Унијата, и по однос на интересот на земји од надвор од Европа, од Азија, од Африка, од Јужна Америка, коишто во нас веќе гледаат земја членка на ЕУ, и оттука нивни се разбира економски интерес да имаат пазар од 500 милиони граѓани и од тука еден друг пристап. И се разбира третата причина е фактот што претседаваме со ОБСЕ, па тоа дава една нова меѓународна позиција на државата, појасни Османи.

Посебно, нагласи Османи, заради тоа што сметаат дека сме успешна приказна која што може да послужи како модел за другите земји во регионот и пошироко – земја модел по однос на внатрешна меѓуетничка хармонија, односно како редок пример на успеша мултиетничка функционална демократија, земја со средени односи со соседите во еден тежок регион и во едно тешко соседство и земја со успешна интегративна политика.

– Значи од земја консуматор на безбедност во земја провајдер или давач на безбедност. И тоа мислам дека е насловот ако можам да кажам на ова Генерално собрание, изјави Османи.

 

18 thoughts on “Османи по 77. Генерално собрание на ОН: Северна Македонија бележи квалитативна промена од консуматор во земја давач на безбедност

  1. Wow, awesome weblog layout! How long have you ever been blogging for?
    you made blogging look easy. The entire glance of your web site is magnificent, let alone the content!
    You can see similar here sklep internetowy

  2. Hey! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine
    Optimization? I’m trying to get my blog to rank for some targeted
    keywords but I’m not seeing very good results. If you know of any
    please share. Thanks! You can read similar text here: List of Backlinks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *