ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Додека неговата војска се одмораше, на источниот брег се случи делумно затемнување на месечината. Астрономите пресметаа дека тоа се случило вечерта на 20 септември 331 година. Тогаш Александар Македонски приложи жртва на Селен, Хелиос и Ге (Месечина, Сонце и Земја); според Аријан тоа потемнување морало да се случи. Може да се претпостави дека Александар Македонски ги избрал овие богови за да ја смири возбудата кај својата војска предизвикана од овој феномен и да ги заштити пророците.
Настапувајќи кон југоисток меѓу реката Тигар и курдските планини, барајќи го Дариј, помина близу до урнатините на древниот Ниневех, веројатно без да има и најмала идеја за историската важност на таа држава.
Откако Асирската империја беше окупирана со уништувањето на Ниневех (612), сега Персиската империја требаше да го прими смртоносниот удар во битката кај селото Гавгамела не многу далеку кон Исток.
Овде Дариј најде бојно поле што му одговараше. Поредокот на војската беше точно определен во кралскиот камп. Во средината, според древниот обичај, се постави лично кралот во кола.
Ги построи своите планински стражари, таканаречените „јаболкови носачи” (со златни јаболка на своите копја), заштитени одлево и оддесно со античките елински наемници, кои како и кај Ис, беа посебно ангажирани да се соочат со македонската фаланга.
Лево и десно се раширија двете крила од комбинирана коњица и пешадија, на крајната лева страна беа бактријанската коњица, Дахаите, Арахозијанците и други, а на десното крило Медците, Партијанците итн. Пред двете крила лево беа поставени Скитите и поголемиот број баќтријанска коњица, десно ерменската и кападокиската коњица, а пред центарот беа поставени петнаесетте слонови водени од индиските гонители.
Двесте коли со косила беа донесени пред целата линија, а сто на спротивното лево крило од Александар Македонски. Преку целото бојно поле Дариј ги отстрани нерамните делови од земјиштето за да овозможи рамен простор за напад на коњицата и на борбените коли.
Намерата на Александар Македонски беше да ја примени косата формација и во оваа битка, како што тоа го правеше и порано. Така, неговиот борбен поредок и овојпат беше поделен на офанзивно десно крило со кое тој лично командуваше и дефанзивно лево крило под команда на Парменион. Повторно позицијата на следбениците беше десно, тесалиската коњица лево, а македонската фаланга во средината.
Поради бројната супериорност на непријателот, Александар Македонски се плашеше да не биде заобиколен откај крилото па дури и опколен, па затоа постави втора борбена линија зад првиот борбен поредок, со цел доколку биде заобиколен, да се заврти и да се соочи со непријателскиот напад одназад. Доколку ова се случеше, единиците поставени лево и десно од неговиот преден дел, кои во други пригоди само ја продолжуваа линијата, ќе се завртеа и ќе се соединеа во две линии на борбеното поле.
Во случај да биде опколен, војската на Александар Македонски би направила квадрат. Но таа тактичка претпоставка не беше реализирана.
Од оваа идеја, наметната од конкретната ситуација, што се состоеше од еластичен двоен фронт кој во случај на потреба може да се развие во правоаголник, ја гледаме генијалноста на Александар Македонски во воената тактика. Тоа беше сосема оригинална замисла.
Ha веста за доаѓањето на Александар Македонски, Дариј ја построи својата војска за битката на 30 септември. Постапувајќи по советот на Парменион, Александар Македонски не го прифати предизвикот, туку го постави својот логор на растојание од околу четири милји и, бидејќи се очекуваше стапица или слична пречка, помина преку бојното поле на коњ со неколку придружници за да извиди.
Вечерта и нареди на војската да се подготви, а потоа да има целосен ноќен одмор. На тој начин неговата војска беше совршено свежа при средбата со непријателот утрото на 1 октомври 331 година, додека несреќните Персијци беа задолжени да бидат под целосна војничка опрема готови за борба, бидејќи Дариј се плашеше од ноќен напад. Парменион му советуваше да ги изненадат Персијците во ноќта, но Александар Македонски го одби тој совет, велејќи дека е срамно да ја краде битката.
Бидејќи Александар Македонски се приближи од север, неговата борбена линија беше многу пократка од онаа на Персијците и со своето десно крило се најде точно спроти Дарие и персискиот центар.
Според тоа, сé повеќе се стремеше да се приближи повеќе кон десно, за да може, како и во претходните битки, да го нападне левото крило на непријателот. Меѓутоа, и Персијците приближувајќи се, отидоа во иста насока.
Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиштето што претходно не беше израмнето, Дариј им нареди на Скитијанците и на бактријанските коњи, кои беа напред од неговото лево крило, да го нападнат Александар Македонски отстрана. Александар Македонски, пак, испрати лесна коњица да ги пресретне што ја постави пред крајната граница десно, за вакви итни потреби
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Wow, awesome weblog structure! How lengthy have you been running a blog for?
you made running a blog look easy. The entire
glance of your site is great, as neatly as the content!
You can see similar here najlepszy sklep