ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Не случајно првото ехо од веста втаса од Јонија. Како ослободител од персискиот јарем Александар Македонски беше повеќе популарен во Јонија отколку во Елада, а Јонците порано му посветија божествена чест на Лисандер.
Мора да се нагласи дека надвор од Египет оваа идеја на Александровите Божествени права како син на Бога имаше ефект само во античкиот грчки свет, кој во Зевс Амон почитуваше највисоко божјо пророштво, но не и меѓу Македонците кои се однесуваа сосема туѓо и непријателски кон вакви идеи.
Освен блиските пријатели во свитата на Александар Македонски, ниту еден меѓу Азијатите не знаеше ништо за Амон. Па дури и во античкиот грчки свет имаше традиција да се остави секој сам да реши кои божествени права ќе ги земе како син на Бога.
Иако пророкот тајно се задржа со Александар Македонски, по извесно време Клитарх бесрамно им пренесе на своите читатели детали во врска со прашањата што Александар му ги постави на пророкот. Прво тој прашал дали Бог би му овозможил доминација над.светот и дали ги казнил сите убијци на Филип Македонски-неговиот татко. Подоцна авторите во поголема мера се фаќаа за овие очигледни измислици, а многу луѓе дури и денес веруваат во тоа. Тие се забележани од Плутарх.
Инаку, многу фантазија е внесена за настаните во оазата. Бидејќи меѓу античките Елини божјото право како син на Бога привлекло поголемо внимание отколку пророштвото, беше пренесено дека Алексан-дар отишол кај Амон за да добие признание како негов син.
Против тоа беше Клитарх кој го воведе во литературата овој фалсификат на историјата, со што непредвидената случка стана цел на патувањето. Дури беа измислени прикаски дека Александар испратил гласници да бараат од свештениците да го признаат како син на Амон!
Објаснувањето на патувањето на Александар Македонски за да го побара божјото право како син на Бога не само што имаше најширока распространетост во антиката, туку доминира и кај современиците. Од оваа премиса се извлечени најразлични заклучоци. Констатирано е дека дури и во раната младост Александар Македонски имал за цел да добие божји почести, или се тоа само политичките мотиви што му се препишуваат, a ce мисли дека отиде во оазата да обезбеди една друга потврда за своето сродство со античките Грци и античките Македонци. Ова се сложува со она во премисата.
Од друга страна, пак, напорот на античките Елини да се претстави идејата за божјето право како син на Бога во рационалистички начин, води кон прикаската дека Амон преку некоја света змија имал лични врски со Олимпија. Некои пак знаеја дека Олимпија му ја признала оваа врска на својот маж Филип Македонски, поради што тој ја отфрлил како прељубница.
Така, во текот на времето во голема мера се преувеличуваа легендите, митовите и фантастичните измислици од патувањето на Александар Македонски до оазата, со што ги прикриваа вистинските факти.
На враќањето од оазата Александар Македонски тргна право кон Мемфис, следејќи го патот во пустината до Гара и Могхара за што му беа потребни осумнаесет дена. Во Мемфис го пречекаа многу амбасадори од Античка Грција, а тој беше расположен и ги прими со милост. Од Антипатер дојдоа 400 нови антички грчки наемници и 500 тракиски коњаници. Потоа Александар Македонски му приложи жртва на Зевс и повторно направи свечена поворка со својата вооружена војска, а беше одржано гимнастичко и музичко натпреварување.
Овој Бог не треба да се гледа ни како Бог на оазата, ни како Осерап од Мемфис. Овој крал Зевс не е ништо друго туку чистокрвниот антички Зевс. Важно е дека младиот син на Зевс ја приложи својата прва жртва на античкиот грчки Зевс, а не на некој египетски бог. Откако Александар Македонски се здоби со титулата син на Зевс, неговиот карактер евидентно се измени и под влијание на овие чувства подготви извонреден фестивал во главниот град на Египет што беше посветен на Зевс.
Додека Александар Македонски беше таму се покажа како да е вистински Елин со испраќањето на научна експедиција во Судан. Прашањето како да се објаснат поплавите на Нил што започнуваат во лето, предизвика силни дискусии меѓу античките научници, а Аристотел ги поттикна своите ученици да го решат тоа прашање на самото место. Затоа Александар Македонски испрати експедиција од учени луѓе спротиводно на реката Нил со цел да ги испита причините за поплавувањето.
He ce знае колку далеку отишла експедицијата, меѓутоа, се врати со точен одговор дека зголемувањето на нивото на водата на Нил е резултат на летните дождови што паѓаат на планините во Абисинија. Кога Аристотел го слушна резултатот на оваа научна експедиција, триумфално го напиша следново: „Ова повеќе не е проблем”. Тука првпат Александар Македонски го гледаме како послушен ученик, кој со ентузијазам се поставува самиот себеси и својата претприемчивост на располагање на науката.
Во организирањето на Египет, што Александар Македонски го направи пред своето заминување, се гледа дека не ја концентрирал администрацијата само на еден намесник. Тој повеќе сакаше децентрализација, веројатно затоа што не сакаше да му верува само на еден човек на држава со вака голема економска важност, сакаше да ја задржи државата од војнички аспект поради нејзините природни граници. И од друг аспект односот на Александар Македонски укажува на посебна карактеристика.
Тоа претходно го покажа во Карија со поставувањето на власт на Ада, со што изрази почит кон националните чувства на покорениот народ. Слично и во Египет постави двајца од месното население на чело на цивилната администрација на Горен и Долен Египет, западните и источните гранични подрачја на Дблта, Либија и Арабија (во близината на Херунпол), им ги додели на Аполон од Античка Грција и на Клеомен од Наукрат.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Wow, marvelous weblog structure! How lengthy have you been blogging for?
you made blogging look easy. The full glance of your site is excellent, as neatly as
the content material! You can see similar here ecommerce