ОД ПРИСТАНИШТЕТО АЛЕКСАНДРИЈА ВО ОАЗАТА СИВА ВО ЕГИПЕТ (24)  

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Ова го оправдува заклучокот дека во меѓувреме тој стекнал послободна позиција во Елинистичката лига, па сега му го оспори правото на Федералниот совет што му беше признато пред една година. Ако се испита психолошката основа на ваквата измена, ќе се констатира дека неговите големи успеси во меѓувреме – окупацијата на Египет и Сирија, разбивањето на персиската флота и преземањето контрола над морето – мора многу да му го зголемиле неговото чувство на моќ.

Можеби не беше доволно да му направи впечаток на кралот, кој беше само на дваесет и четири годишна возраст, само тоа дека им станал Бог на овие многумилионски Египќани. Во оваа земја на силно чувство, додека беше на брегот го опфатија мисли за иднината и посака да се консултира со пророкот Амон во оазата. Ова мистериозно патување до пророкот Амон во оазата Сивах е една од најзабележливите епизоди во животот на Александар Македонски.

Таа разнородна панорама тешко може да ја поттикне имагинацијата на современиците, на подоцнежните генерации и на модерниот свет, зошто Александар Македонски го презел токму овој марш низ пустината.

Кога ќе се земе предвид дека во корист на Александар Македонски беше што е можно поскоро да го сретне Дариј, за чии војнички подготовки несомнено целосно беше известен, јасно е дека постоел силен мотив што го натерал да го преземе ова оддалечување кон запад, оддалечување целосно некорисно и повеќе опасно од воена гледна точка што го одвои шест недели од неговата египетска база.

Таа е една од оние акции на Александар Македонски кои се јасни само ако се земе предвид неговиот религиозен внатрешен живот и нерационалните и необјасниви елементи на неговиот карактер. Аријан, исто така, го употребува истиот израз: „носталгијата” го натера да се советува со пророштвото Амон. Всушност, тоа беше потреба што Александар ја чувствуваше внатре во своjaja душа да го слушне пророкот кој ќе му ја каже иднината пред судирот со Дариj.

За да се разбере тоа, треба да се сфати дека Александар Македонски беше син на своето време и им придаваше најголема важност на пророштвата и на божјите лоши предзнаци изразени во соништа, во летање на птици, или во други природни процеси.

Но зошто тој отиде посебно во Амон? Немаше ништо заедничко со неговата положба како фараон. Ниеден фараон немал направено аџилак до оазата. Тој не им обрнуваше внимание на египетските потчинети кога го направи тоа.

Доколку сакаше да слушне египетско пророштво, имаше многу богови во Египет со кои можеше да се консултира. Неговиот аџилак до Амон предизвика силен впечаток, кој Египќаните, бидејќи поради ова и со поднесувањето жртва на Апис, Александар Македонски се прикажа како противник на лошиот Камбис.

Преданието вели дека Камбис еднаш испратил експедиција со цел да го уништи пророштвото, но експедицијата била уништена од песочната бура. Александар Македонски не го организирал ова патување едноставно да направи антиперсиска демонстрација

Тоа беше како да се посетува Господ, бидејќи пророкот беше сметан за непогрешлив во античкиот свет.

Античките колонии на соседниот град Кирен во тоа време имаа трговски врски со оазата која беше многу богата со урми. Тие беа првите кои го идентификуваа Амон со нивниот Зевс, а овој Амон беше како гранка на Амон од Теба и Горен Египет. Тие беа први кои го ставија на своите ковани пари ликот на Зевс со рогови на овен свиткани околу ушите, исто онака како што имаше Амон. Од Кирен верувањето во пророштвото се рашири насекаде во античкиот свет.

Пиндар напиша црковна песна за господ, а подоцнежните податоци покажуваат дека верувањето во пророштвото се зголеми. Co пророш-твото се консултираа Цимон, Лисандер и други. Тоа е посебно истакнато во делото „Птици” од Аристофан, a заедно со Делфи и Додона постојано добиваше повисок ранг. Кратко пред посетата на Александар Македонски и Атињаните изградија во Атина свето место посветено на Амон, кого го боготвореа веќе со децении.

На тој начин може да се разбере зошто Александар, доколку чувствуваше потреба од вистински одговор, ја искористи можноста на својот престој кај морскиот брег на Египет, каде што значително беше поблиску до Бога, да се консултира со пророштвото. Покрај овие примарни мотиви потврдени во изворите, тој со задоволство го прифати ефектот од пророштвото што им одговараше на античките Грци. Co оглед на големата важност на нивната приврзаност кон пророштвото, Александровата претприемчивост во овој случај наиде на религиозно одобрување во нивните очи.

Калистен, неговиот дворски историчар кој го придружуваше при патувањето во пустината и направи одличен опис за тоа, кажува дека Александар Македонски отишол до Амон не само поради наводната непогрешливост на неговото пророштво туку и затоа што имал амбиции против соперникот Персеј и Херакле кои исто така претходно се консултирале со Господ.

Ако се земе предвид колку Александар Македонски јасно ги сфати сродните односи со своите херојски прадедовци од својата раса, оваа изјава е веродостојна и одговара на сликата што треба да ја направиме за него.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *