СМЕШНИ КАЗНИ ЗА РАБОТНИЧКИ И МЗТ СКОПЈЕ

Иако висината на казните за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром за инцидентот и прекинот на дербито на колото, ќе бидат обелоденети во билтенот на КФМ, сепак неофицијално се дознава дека Работнички ќе биде казнет со 2000 евра, а 1000 евра ќе треба да плати МЗТ Скопје. Иако некому овие казни изгледаат големи, ќе се осмелиме да кажеме дека се смешно мали за да се спречи во идниа некој сличен инцидент.

Работнички е казнет поради слаба организација, неспортско навивање, плукање на теренот, фрлање на предмети на паркетот. За слични повреди на правилата, неспортско навивање, плукање на теренот, втрчување на навивач е казнет МЗТ Скопје.

Салата Градски парк ќе биде суспензирана најмалку два натпревари, но управата на Работнички се надева дека ќе успее да го доигра првенството на свој терен.

Сега веќе станува јасно дека некој не сака мир и ред во салите. Напротив некому одговара неред. Прашање е како со вакви би рекле симболични казни ќе се натераат клубовите да работат со своите навивачи? На потег е КФМ, но изгледа дека ни од таму нема многу ќар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *