Русија ја предупреди Македонија дека нејзиното приклучување во НАТО ќе има негативни последици за земјата, за регионалната безбедност и за билатералните односи меѓу двете држави.
Ова на македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов, му го посочил рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко на денешната средба во руското МНР, пренесува МИА.
„На средбат беа разменети мислења за ситуацијата на Балканот. Од руска страна беа подвлечени негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за присоединување на Македонија во НАТО“, пишува во соопштението на МНР на Русија.
Грушко и Карајанов ја потврдиле и подготвеноста за продолжување на соработката меѓу двете земји во взаемен интерес. Нагласено било и големото значење за обновување на активностите на меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, се наведува во соопшетнието на руското МНР