Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Самитот на ОН за трансформација на образованието

  Премиерот Димитар Ковачевски со владината делегација што ја предводи, денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ќе учествува официјалното отворање на Самитот за трансформација на образованието, кој се одржува во рамките на Генералното собрание на ОН и под покровителство на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и на УНЕСКО.
Во состав на македонската делегација се министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, шефот на Мисијата на Република Северна Македонија при ОН Љубомир Фрчковски и советникот за надворешни работи на претседателот на Владата, Едмонд Адеми.
– Самитот на кој ќе се дебатира на тема унапредување на образовните системи во земјите преку трансформативни реформски процеси, ќе почне со обраќање на генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш. Претседателот на Владата Ковачевски ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието во 16 часот по локално време (22 часот по македонско време). Ковачевски ќе се осврне на заложбите на Република Северна Македонија и на конкретните чекори преземени во насока на трансформација на образованието на државно ниво, со цел обезбедување квалитетно и достапно образование за сите, соопшти владината прес-служба.
Обраќањето на премиерот Ковачевски може да се проследи на македонски и на англиски јазик, на линковите:
Лник до видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на Сесијата за трансформација на образованието во ОН во Њујорк на англиски јазик

Како дел од официјалната посета на САД и учеството на Генералното собрание, премиерот Ковачевски до крајот на неделата ќе учествува и ќе говори на Состанокот по повод 30-годишнината од донесувањето и усвојувањето на Декларацијата за правата на малцинствата, како и на главната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *