Османи: Улогата на заедничката комисија не е ревидирање на историјата, туку да се најдат заеднички точки

Улогата на заедничката македонско – бугарска комисија не е ретуширање на историјата, не е да се пишува историјата одново или да се ревидира, туку да се најдат заеднички точки за историски настани и личности кои ќе бидат мост за подобро разбирање и зближување помеѓу народите, да објасни што е заедничко, затоа што очигледно нешто е заедничко, изјави министерот министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој во вечерашното гостување на Сител рече дека во Бугарија има универзитети со исти имиња и градови, а слика од Гоце Делчев има во самата канцеларија на претседателот Румен Радев, што според него е индикатор дека „очигледно постои нешто заедничко“.

– Кога бевме во канцеларијата на претстедателот Радев на најувисокото место во неговата канцеларија е сликата на Гоце Делчев, што значи дека нивното верување дека имаат врска со Гоце Делчев е реалност. Ние може да игнорираме дека не постојат проблеми во историските имнтерпретации, но одете во Бугарија и ќе видите дека тие таму имаат универзитети, градови со исти имиња, што значи дека проблемот со инмтерпретацијата е реален ајде да видиме  како тоа да го ставиме во функција на подобрамеѓусебна соработка, отколку конфликти, и тоа е улогата на комисијата за историски прашања, изјави Османи.

Додаде дека на Комисијата за историски прашања гледа како на можност да се најдат заеднички точки кои ќе бидат мост за зближување и разбирање.

– Гледајте ги решенијата кои ги објавивме за Св. Кирил и Методиј, за Цар Самоил и Св. Наум Охридски, гледате дека идентификуваат повеќе нивни активности во географскиот простор за да се види некаков заеднички деноминатор зошто тие би биле предмет за заедничко прославување, поосчи Османи.

Порача дека стравовите односно отпорот во однос на историските прашања се непотребни.

-За одредено време ќе се смееме на оваа дебата и овој отпор. Јас улогата на комисијата ја гледам во конзервирање на процесот се до неговото созревање, уште не сме созреани како општество. Историската комисија ја конзервира дебатата за да не ја контаминира вкупната општествена комуникација помеѓу двете држави која со време како што ќе созрева сами по себе ќе се решаваат прашањата. Важно е дека ние се движиме, затоа што шансата да се движиме можеби нема да дојде пак, уверувам дека стравовите се непотребни, оцени Османи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *