Продукција АРИСТОН е создадена од м-р Никола Ристевски во 2019 година во Свети Николе, Овче Поле, Република Македонија, како последица од истражувачката работа, објавувањето на книги и успешното промовирање на Македонија на неколку балкански медиуми и на History Channel. Причина за создавањето на видео продукција која ги промовира културното наследство и природните ресурси на Ристевски и тимот бил огромниот природен, културен, духовен и економски потенцијал со којшто располага Овчеполскиот регион и Македонија. Уште од 2011 година, заедно со неколку соработници, Никола Ристевски активно ги истражува и промовира природните ресурси и културното наследство на Република Македонија. Во изминатата деценија има објавено дузина книги и зборници, а негови истражувања и фотографии се промовирани и од д-р Домагој Николиќ во емисијата „На рубу знаности“ и во научните трудови за геоглифот во Овче Поле. Во 2018 година, заедно со фотографот и видеограф Дуле Јанев од Свети Николе направија снимки со дрон од археолошкиот локалитет Билазора за кој се претпоставува дека го крие античкиот град Бела Зора и од големиот геоглиф во Овче Поле, за каде што се претпоставува дека постои античка гробница, a дел од тие снимки успешно ја промовираа Македонија и на History Channel.
Во втората половина на 2019, Ристевски и Јанев започнаа да ги снимаат култните места, старите цркви и туристичките атракции во Овчеполието, но и да прават видео записи со повозрасни луѓе со цел да соберат информации, легенди, приказни, песни и преданија. Во март 2020 година официјално започна соработката помеѓу Продукција Аристон и Ансамбл Македонија. Инспирирани од научниот труд на проф. Јаневски за народната носија од Овче Поле, заедно го создадоа краткиот музички документарен филм „Овчеполско оро“, снимен во дворот на црквата „Свети Никола“ во Свети Николе, во кој се прикажани Овчеполпските народни носии, песни и ора.
Истата година, работата на Продукција Аристон беше поддржана од неколку стопанственици од Свети Николе и Македонци кои живеат во странство и тимот продолжи да снима материјал за Овчеполието и соседните региони. Серијата „За Овчеполските работи“ снимена во 2020 година содржи пет епизоди, делови од кои се објавени на YouTube. На крајот од годината, во чест на празникот на Свети Никола беше објавен и документарниот филм „Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“.
Поддржани Јордан Ѓорчев од Меѓународниот Славјански Универзитет од Свети Николе, Александар Јанев од Фото Кис Свети Николе и неколку соработници кои се вклучија со нарација и пост продукција, во пролетта 2021 беа објавени кратките документарни филмови за локалитетот на Градиште кај селото Кнежје – Бела Зора, за возвишението Ѓуриште, за геоглифот и за Овче Поле. Продукција Аристон објави и краток документарен филм за Кратово, промотивно видео за Куклица и кратка серија oд три епизоди со преданија од Кратово и Кратовскиот регион. Во 2021 година беше објавена и првата сезона од Kanda Podcast, серија од интервјуа со луѓе кои работат во различни области и потекнуваат од Македонија и други земји, а чија што работа е или била поврзана со Македонија.
Во текот на летото 2021 година Продукција Аристон оствари контакт со Ѓорѓија Џорџ Атанасоски од Телевизија Сонце и доби поддршка од македонскиот бизнисмен кој живее во САД за нови проекти. Во летото 2021 беа создадени и нови дела заедно со Ансамбл Македонија – „Добродошле китени сватови“, снимено на градскиот плоштад во Скопје и „Возот кој никогаш не пристигна“ – илустрација на трагичната судбина на децата бегалци од Егејска Македонија и нивното пристигнување во Овчеполието, дополнето со песната „Врба ми изникнала во Солунско поле“, и двете во ко-продукција со Prosperium Films од Скопје. Од Илинден 2021 година, програма од Продукција Аристон започна да се емитува секојдневно и на Телевизија Сонце. Поддржани од Ѓорѓија Атанасоски и Јордан Ѓорчев, членовите на Аристон во 2021 документираа и неколку настани на Ансамбл Македонија – ревии, изложби и промоции; промоции на книги во Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе и продолжија со снимањето на видео материјал од повеќе краишта ширум Македонија. Во есента 2021 беше објавена серијата „Македонски туризам“ и првата документарна серија за туристичкиот потенцијал на Овчеполието. На крајот од годината, во чест на празникот на Свети Климент Охридски, со јавноста беше споделен и „Лихнид – 1 дел“, документарен филм за Охрид, духовната престолнина на Македонија. Во чест на празникот на Свети Никола, Продукција Аристон го објави и документарниот филм „Свети Николе – единствениот град со име на светец во Македонија“. На крајот од декември 2021, беше објавен и филмот „Не плети лесо“ на Бојан Петковски од Ансамбл Македонија, снимен и продуциран од Продукција Аристон. Во текот на годината, Ансамбл Македонија ги промовираше заедничките проекти на неколку настани во Порта Македонија и во Музејот на Македонската борба.
Продукција Аристон ја започна 2022 година со документарната серија „Охрид од праисторијата до 21 век“, снимена во ко-продукција со Здружението Енхелеус Лихнид и Телевизија Сонце. Снимањата и фотографирањата на мистични локации низ Македонија не престанаа, како и пишувањето на текстови, истражувања и сценарија. Со поддршка од Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во чест на роденденот на Александар Македонски, во јули 2022 година на Телевизија Сонце започна да се емитува документарната серија за Александар Македонски со нарација на англиски јазик и писмен превод на македонски јазик, во која што се раскажува импресивна приказна за големиот Македонец Александар. Серијата има 10 епизоди и интернет страница за промоција, а наскоро се очекува и големиот документарен филм со целата приказна за најголемиот цар на сите времиња, создадена од Продукција Аристон во која што можат да се видат стотици страници од книги и уметнички дела, како и многу стари карти и мапи. Во август 2022 година се започна со емитување на документарната серија „Волшебна Македонија“, во ко-продукција со Телевизија Сонце која може да се гледа на телевизија со нарација на македонски јазик и на YouTube со нарација на англиски јазик. Досега од документарната серија се објавени 4 епизоди, а се очекува и петта за крај на првата сезона и најава на втората. Серијата е снимена на над 20 локации низ цела Македонија, а снимањата за втората сезона се во тек.
Освен споменатите, во 2021 година Продукција Аристон објави краток филм за Гоце Делчев со стари видео снимки, фотографии, документи и песни. Во 2022 година беа објавени и „Светиниколска пастрмајлија“ и „Стрижење на овци во Овче Поле“. Продукција Аристон има остварено соработка и со музичарите Игор Атанасоски Харе и Климе Ковачески, а видеата со нивна музика се достапни на YouTube. Во изминатите години Продукција Аристон успеа да сними многу значајни локации во Македонија, а веќе оствари соработка и со уште неколку фотографи и видеографи кои се вклучуваат во работата на тимот со свои материјали. Во архивата на Продукција Аристон се чува и доволно материјал за нови серии и документарни филмови поврзани со Македонија. Во септември 2022 на YouTube каналот на Аристон беше објавен и документарниот филм „Лихнид – 2 дел“, со најава и за трет дел од серијата за градот на светлината. Повеќе за Продукција Аристон може да се слушне и види на Телевизија Сонце, на интернет страницата ariston.com.mk и YouTube каналот Ariston Production.
Ги повикуваме сите Македонци од целиот свет да ја погледнат програмата на оваа продукција и да ја споделат со своите роднини, познаници и пријатели. Продукција Аристон е отворена за соработка и промоција на документарните филмови со Македонските од иселеништвото. Програмата на Аристон може да се гледа во понеделник од 14:10ч и од вторник до петок од 19:30ч на Телевизија Сонце.
Wow, fantastic weblog structure! How long have you been running
a blog for? you made blogging glance easy.
The total glance of your web site is excellent, as well as the content material!
You can see similar here dobry sklep