Проштална средба Османи – Брнз: Конзистентна американска поддршка за демократскиот развој и патот кон ЕУ

Снабдување со лигнит и јаглен од рудниците во Грција во следниот период, снабдување со мазут, но и можност за грчка инвестиција со изградба на гасна централа до 200 мегавати, соопшти премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски од Атина, веднаш по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за македонските медиуми кои ја следат еднодневната работна посета во Грција, премиерот истакна дека во фокусот на разговорите со Мицотакис била енергетската криза и енергетската соработка во пресрет на тешката зима.

Откри дека на средбата што поминала во позитивна клима, станало збор за конкретни договори се со цел да има успешно справување со последиците од енергетската криза и војната во Украина.

За конкретните договори за снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција, потенцираше дека доколку има било какво ограничување за Грција, тоа нема да влијае на нас.

Посочи дека Грција изразила желба за изградба на гасна централа до 200 мегавати во Северна Македонија, истакнувајќи дека ова би било голема и стратешка инвестиција.

За енергетска трансформација, го спомен интерконекторот „Евзони“ за кој веќе е почната процедурата на маркет тестирањето, односно економската исплатливост.

Се осврна и на проектот „Чебрен“ за кој има понуда и од грчката електростопанство ППЦ и рече дека доколку ги помине филтрите на евалуација од инстутициите, до крајот на годината ќе има понуда за изградба.

Грчкиот премиер на средбата, како што рече Ковачевски, изразил задоволство што Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ и понудил грчка поддршка за процесот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *