ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Македонското иселеништво е алфа и омега во творештвото на Катин. Се’ што напишал и објавил во неговите книги, патеписи, репортажи, прикази, белешки, е длабоко проникнато со животот и опстанокот на Македонците во светот. Тие се негова генетска преокупација, која го потврдува фактот дека е маѓепсан од феноменот на македонската голгота.
Таа е негова опсесија, од која нема да се раздели до крајот на својот живот. Зашто на овој свет дошол да трага по Македонците, по оние вистинските во земјата и во светот и со нив да го споделува и доброто и злото, давајќи с# од себе да го осветли нивниот живот, нивните победи и порази, во сите фази на нивната цивилизациска битка за одржување во планетарната орбита, како ѕвезда чиј сјај не потемнува.
Четириесет години Славе Николовски – Катин ја следи преселничката судбина на Македонците, нивната економска ситуација, културниот престиж, улогата на МПЦ во нивното мотивирање за реализација на бројни програми на медиумски, културно-уметнички, спортски и духовен план. Со фактографски материјали за состојбите на македонските преселници во светот, со афинитет да ги овековечи нивните судбини и со умешност и талент од секое пократко или подолго патување да подготви репортажа, патопис, скица или белешка. Со осет и љубов кон историјата на македонското печалбарство, Катин секогаш на секој Македонец му подарува убава литература, низ која ќе ја доживее својата судбина, не само во државата во која се преселил, туку и во својата Татковина.
Еден од добрите познавачи на неговото творештво, професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, во повеќе прилики по повод промоциите на делата на Катин, ќе истакне: „Да се зборува за македонското иселеништво во светот, значи да зборуваме самите за себе, за нашата историја, за нашата миграција, за нашата историско-општествена состојба во егзистенцијалниот континуитет. Кога го читаме она што Катин го напишал за нашите преселници, тоа значи дека со нескротлив интерес се самозапознаваме.
Зашто тие преселници се наши роднини, оние кои своите генеолошки гранки ги пресадуваат во некоја далечна земја, за нас позната преку прераскажувањата, а во која, еве, продолжува семејниот растеж, честопати пренесен од кај Драгорот долж Аризона, од Треска кај Нијагара, од Преспанското Езеро кај Циришките Езера, или крај бескрајните океани на Америка и Австралија.
Чувството за македонското иселеништво е такво зашто нашите преселници се некогашните комшии со кои растевме и ги формиравме навиките во маалата во кои живеевме, или тие се нашите сограѓани кои сега ги среќаваме наместо средсело или на плоштадите во Македонија, ширум светот, крај плажите на Лонг Бич во Лос Анѓелес, во Мајами Бич или сред Лозана и Фрајбург. Во тие моменти јас го наоѓав важниот спој на некогашниот заеднички живот, макар за еден ден или за неколку часови, кои живот значат“, нагласува Стојчевска – Антиќ и додава:
„Дружејќи се со нив, Катин ги запознал постепено и перманентно, со сите нивни преокупации, судбини, истории. Не може човек да го запознае менталитетот на нашиот преселник, без личните контакти со него, во сообразност со средината што ја одбрал за своја втора земја, по Татковината. Катин имал многу средби со нив, многу изминати денови со нив, како син на вредни преселници“.
Промоторите на книгата „Иселенички хоризонти“ во Штутгарт, Германија, не случајно истакнуваат дека „Катин како еден од најдобрите познавачи на македонското иселеништво, со својата богата пишана продукција, со секој свој наслов ги збогатува хоризонтите на македонската вистина. Во нив тој ја открива болната трагедија на Македонците, подигната до ниво на една колективна национална судбина и историска категорија, исполнувајќи ја притоа општествената мисија во одржувањето и градењето на врските меѓу раселените Македонци и оние што живеат и создаваат во сопствената слободна и независна држава.
Сублимирајќи ја судбината на Македонците на Балканот со онаа на раселените, Катин остварува своевидна историска синтеза која овозможува автентичен поглед на македонската историја, создавана низ вековите, низ нивните буни и востанија против бројните освојувачи. Низ диоптријата на Катин секој Македонец ја согледува големината на просторот на неговата држава, која низ вековите доживувала трансформации во нејзиното распарчување, од нејзините соседи, кои и покрај жилавите напади и освојувања низ вековите, не можеа да ја освојат“.
„Преокупиран со македонската колективна судбина, Катин останува фанатично приврзан кон оваа важна национална тема. Тој ни ја открива најболната македонска трагедија, кревајќи ја и возвишувајќи ја на ниво на една колективна национална судбина и историска категорија, исполнувајќи ја, притоа, општествената мисија во одржувањето и градењето на врските меѓу раселените Македонци и оние кои живеат и создаваат во Република Македонија“, истакнуваат промоторите на делото на Катин „Иселенички хоризонти“, додавајќи дека егејскиот, односно беломорскиот, пиринскиот и преспанскиот дел во Албанија, Катин ги оживува со цврста историска документираност и која потпира на потребната фактографска аргументираност, што на неговите дела на оваа тема им дава и еден мошне значаен историографски белег”.
Свети Климент и св. Пантелејмон во Охрид
Катин е автор кој најимпресивно ги доловува талкањата на македонските економски емигранти по светот, односно нивното раселување, па и современото отселување, а низ тоа и нашето размакедончување, нашата најболна рана, која за жал и денес не стивнува. Поминувајќи од судбина до судбина, секоја различна по својот скитнички знак, Катин ефектно го прикажува духот и психата на тие несреќни луѓе, кои се’ уште не можат да ја прифатат својата судбина.
Потврдувајќи се како автор со вистински афинитет кон оваа тема, Катин е нејзин верен и смел истражувач, нејзин страствен опсерватор и протагонист, нејзин очевидец и елоквентен сведок. Неговите текстови не само што ги опишуваат средбите и настаните, туку предизвикуваат љубов и верност кон Татковината, а низ нив се сублимира и авторовата визија за македонството. Токму поради тоа, делата на Катин имаат и историски аспекти, хуманистички пораки, интимни исповеди, патриотски мечти, но и психолошки и социјални елементи. А најдрагоценото што го нудат, е сознанието дека сето тоа треба да се види со сопствени очи и да се доживее лично. Зашто тој, без предрасуди и хипотеки, едноставно и уверливо, документирано и емотивно, ја прикажува трагедијата и предизвиците на македонските иселеници, како своевиден водич на историската вистина и на македонските судбини низ светот.
Делата на Катин за кои ќе стане збор во оваа монографија, претставуваат илустративен пример за современиот миг на македонскиот државен и политички однос кон нашите иселеници и нивните културни, црковни и спортски друштва и клубови. Однос што отвора нови можности, содржини и перспективи за градење поблиски односи и врски со македонското иселеништво, по примерот на Италија, Грција, Полска и Хрватска. Колку ќе се успее во тоа, ќе покаже иднината.
Зашто во минатото миграциони процеси во Македонија се одвивале паралелно со актуелните настани на Балканот, кога македонскиот народ влегувал во разни фази на туѓи влијанија. Во ситуациите кога запаѓал во нови зависни состојби, неговата економска состојба се влошувала. Не е случајно што македонскиот печалбарски бран започнал многу одамна. Крајот на XIX век регистрира поголеми македонски преселнички групи, особено од Битолско, Леринско и Преспа, во САД, а по Првата светска војна и во Австралија.
По Илинденското востание печалбарството се засилило, а продолжило и по Балканските и Првата светска војна. Иселувањето продолжило и меѓу двете светски војни, а особено по Втората светска војна, кога била поразена Демократската армија на Грција, во Граѓанската војна, на чија страна учествувале Македонците од егејскиот дел на Македонија, надевајќи се на дефинитивно стекнување со национални и социјални права. Наместо тоа, доаѓа до масовни преселби, особено од Леринско-костурскиот крај. Во фокусот на Катин се и други специфични периоди, кои довеле до преселби во други земји, а особено во САД и Канада.
Во обединувачкиот чин на Македонците во дијаспорта, посебно место и улога има Македонската православна црква, чие делување континуирано го следи перото на Катин. По обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив и во прекуокеанските и европските држави.
До крајот на Народно-ослободителната војна Македонците во дијаспората се приклучувале кон други православни цркви, вршејќи ги православните обреди не на македонски јазик и не во свои цркви. Првата инцијатива за МПЦ се роди во Мелбурн, Австралија во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ е првата МПЦ осветена од македонски владика. Веќе во 1962 година е поставен камен-темелник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана, а во 1964 година на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
2 1 J Pediatr dapoxetine priligy erythromycin lactobionate will increase the level or effect of mefloquine by affecting hepatic intestinal enzyme CYP3A4 metabolism
casibom guncel: casibom guncel giris – casibom guncel
casibom giris
farmacia barata: farmacia online internacional – farmacias online seguras en espaГ±a
se puede comprar viagra sin receta: viagra online cerca de la coruГ±a – comprar viagra sin gastos de envГo
sildenafilo 100mg sin receta: comprar viagra – sildenafilo 100mg precio farmacia
kamagra senza ricetta in farmacia: viagra farmacia – pillole per erezione in farmacia senza ricetta
cialis farmacia senza ricetta: viagra online siti sicuri – alternativa al viagra senza ricetta in farmacia
farmacie online autorizzate elenco: farmacia online migliore – farmacie online sicure
farmacie online autorizzate elenco: Ibuprofene 600 prezzo senza ricetta – comprare farmaci online con ricetta
top farmacia online: Tadalafil generico migliore – acquistare farmaci senza ricetta
pillole per erezione in farmacia senza ricetta: viagra – viagra originale in 24 ore contrassegno
buy semaglutide online: rybelsus cost – rybelsus price
prednisone for sale online: by prednisone w not prescription – prednisone 20 mg
rybelsus cost: buy semaglutide online – Semaglutide pharmacy price
canadian online pharmacy prednisone: prednisone 5 mg tablet cost – where can you buy prednisone
buying prescription drugs in mexico online: mexican pharma – purple pharmacy mexico price list