ВО ЧИКАГО СЕ ОДРЖА 48-ОТ ЦРКОВНО-НАРОДНИОТ СОБОР НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНАТА ЕПАРХИЈА

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И КАНАДА 

Од 2- 5 септември 2022 година во Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго, Илиноис, се одржа  48-от  Црковно народниот собор на Американско-канадско македонската православна епархија.  Овие собирски манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. Првиот собир на Американско-канадско македонската православна  епархија се одржа во 1975 година во Торонто, Канада. 

Овогодишната соборска манивестација на Американско-канадско македонската православна епархија започна во петокот на 2- септеври кога гостите од Соединетите Американски Држави (САД) и од Канада пристигнаа во метрополата Чикаго и кога во вечерните часови се одржа Младинска игранка во црковната сала на Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго.

Вториот ден, на 3-ти септември, во просториите на црквата „Св. Кирил и Методиј“, во предпладневните часови се одржа седница на Епархиското собрание, потоа на фудбалското игралиште на црквата се одржа турнир во фудбал, а во попладневните  часови се одржа вечерна  богослужба. Потоа следеше смотра на играорните групи во „Компас Арената“, каде во вечерните часови се одржа Младинската игранка со концерт на познатиот естраден уметник Влатко Лозаноски, познак како Лозано, кој специјално допатува за Соборот, од каде ја започа својата турнеја во многу градови во САД.

Третиот – последниот ден, 4-ти септември  започна со света архиерејска литургија во црквата „Свети Кирил и Методиј“, на која чиноначалствуваше надлежниот архиереј на Американско-канадско македонската православна епархија, митрополитот г. Методиј, во сослужение на голем број свештенослужители од Епархијата.

Во попладневните часови се одржа финалниот фудбалски турнир, а вечерта во црковната сала се одржа Гала банкет  со церемонија на доделување награди и признанија, за на крај до доцна во ноќта, вечерниот собир да заврши со младинска игранка.

Инаку  историскиот развој на оваа Епархија, датира уште од времето  кога со одредба на Црковно-народниот собор што се одржа во Охрид од 17 до 19 јули 1967 година, кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија, беше донесена и одлуката на Светиот архиерејски синод да се формира Американско-канадско-австралиско-македонска епархија.

2cr212Митрополитот Методиј со свештениците од САД и Канада

На 48-от Црковно – народен собор во Чикаго се собраа неколку лјади Македонци, од сите делови на Македонија кои живеат во САД и Канада. Тоа беше Собор за дружење, разговори за црковното живеење, како и за претставување на голем број македонски фолклорни групи и фудбалско екипи.

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на целата Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија – Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј. Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, имаше бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.

Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

По одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија.

2cr213Фолклористки – учеснички на Соборот

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, американските и во канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собор, кој се одржува секоја година од 1975. Првиот собор се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители и еден надлежен архиереј. 

Содржински, собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културно-просветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите Македонци.

Традиционално, собирските манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември. Траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат и помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, играорните групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата.

Притоа може да се рече дека и МПЦ-ОА, преку севкупните исклучително позитивни активности на, од Бога благословената почва од САД, придонесе денес нашата суверена Македонија, од оваа најмоќна демократска велесила на планетата Земја, да биде признаена под нејзиното уставно име.

Мисијата на денешниот  митрополит г.Методиј како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА е драгоцена. Тој, заедно со голем број свештеници и со активистите од македонските асоцијации се целосно посветени на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македонија..

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

6 thoughts on “ВО ЧИКАГО СЕ ОДРЖА 48-ОТ ЦРКОВНО-НАРОДНИОТ СОБОР НА АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНАТА ЕПАРХИЈА

  1. Wow, superb weblog structure! How long have you been running a blog
    for? you make running a blog look easy. The full look of your website is wonderful,
    let alone the content material! You can see similar here e-commerce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *