Пендаровски – Рот: Отворањето на преговорите со ЕУ е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности

Oтворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина, оцениле на днешната средба претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот.

Кабиентот на шефот на државата соопшти дека Пендаровски и Рот размениле мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година. Претседателот Пендаровски притоа нагласил дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додал дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија.

На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.

Пендаровски истакнал дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изразил благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *