ПЛАНОВИТЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (21)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Додека Исократ го смета за можно внатрешното помирување на сите античките Елини-Грци со Филип Македонски, државникот Филип Втори Македонски, пак, не беше во состојба веднаш да согледа дека ова е сон на идеалист. Всушност, кога човек ќе направи ретроспектива на распалените внатрешни борби од поранешните децении, во кои античките Грци меѓусебно се распарчија, тешко може да се сфати како Исократ дошол до тоа верување.

Co пријателско убедување, како што тој сметаше, ништо не можеше да се стори. Само силата би можела да помогне. На овој начин Филип Македонски изгледа прво сакал да го спроведе својот план на доминација над Античка Грција и да обезбеди мирни услови за живеење. Поканата на Исократ, меѓутоа, можеше само да му го потврди неговиот стар план за хегемонија над Античка Грција.

Од друга страна, тој можеше да ја усвои втората точка на планот од Исократ и да го преземе водството во панелинистичката национална борба. Ова несомнено беше необично пожелно за него.

Тој можеше да ја прикрие својата порано замислена македонска војна за освојување на Азија со панелинистичко знаме и така со најдобар метод да ги придобие симпатиите на античка Грција, кои беа од големо значење за него и за неговата политика во културата, а и да добие морално оправдување за својата порано планирана доминација над Античка Грција.

Колку многу Филип Македонски ги искористи во својата политика поттикнувањата на Исократ се покажа во 338 година кога како победник кај Херонеја, повторно ја организира Античка Грција на Коринт и ги натера античките Грци да го дигнат оружјето против Персија. Филиповиот престиж во античка Грција беше многу зголемен веднаш по Мирот на Филократ и пред крајот на 346 година со успешното завршување на војната со Фокијанците, таканаречена Божја војна што ја опустоши централна Античка Грција за десет години.

Филип Македонски ги натера Фокијанците да капитулираат, беше прифатен во нивниот Амфиктионистички совет и според тоа признат како елинистичка сила. Наскоро потоа стекна доминантна позиција во Тесалија, станувајќи архон на Тесалиската лига. Во наредните години се гледа како силно војува и постигнува големи успеси.

По совладувањето на Одрисијанското кралство, обезбедувајќи ја својата нова територија со колонии како што беше Филипополис и проширувајќи ја својата сила до Црно Mope, тој направи напор да го стави тракискиот јужен брег во нов судир со Атина, која имаше витални интереси во тракискиот Херсонес, односно да го обезбедува снабдувањето со жито преку Црно Mope.

Политиката на Атина потоа беше маѓепсана од убедливото изразување на Демостен, кој, претставувајќи го особено атинското гледиште, многу одамна во Филипа Македонски виде непријател на својот роден град и не се срамуваше да се поврзе со Персија против него. Оттука, во Атина имаше различни мислења, дијаметрално спротивни погледи.

Панелинистичката идеја за национална војна против Персија под раководството на Филип Втори Македонски доби приврзаници, особено во интелектуалните кругови, како што беше Академијата раководена од Спеусип, внукот на Платон.

Меѓутоа, раководењето на политиката беше во рацете на Демостен и тој ја натера Атина на војна. Во интерес на своите прикриени планови, покрај сите провокации, Филип Македонски сериозно настојуваше колку што е можно повеќе да го избегне конфликтот со Атина. Co крајно внимание се обиде да постигне мирољубиво решение по пат на дипломатски преговори.

Иако Атина беше известена за неговите операции кај Херсонес и Босфорот, сепак војната изби, а атинските трупи во 340 година го натераа да изврши опсада на Византиум. Непосредно пред тоа, неговата опсада на Перинт, што е на северниот брег од Мраморното Mope, беше нарушена со интервенцијата на новиот непријател Персија.

Пред неколку години, со намера да војува против Персија, а бидејќи се подготвуваше за преминување во Мала Азија, воспостави тајни односи со Хермија од Атарнеј на другата страна од Дарданелите.

Но подоцна како лукав дипломат склучи договор за пријателство и со персискиот крал, со цел да ги неутрализира сомненијата од неговиот иден непријател. Од друга страна, пак, персискиот крал ги натера намесниците да ги поддржуваат Перинтијанците против Филипа, бидејќи се плашеше за своето владеење на Тракискиот брег.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

One thought on “ПЛАНОВИТЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (21)

  1. buy priligy online safe The other six dynasties will draw lots and compete in pairs, and three winners will be selected to advance to the next round Hearing this competition system, the arrogance of the major dynasties present did not have Cbd Ground Coffee cbd gummies cedar park any objection

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *