ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Пиринска Македонија, денес во состав на Република Бугарија, го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија, и со своите 6.798 км² опфаќа околу 10% од територијата на областа Македонија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177.035 – 70% (1946) односно 178.862 – 63% (1955) од населението во Пиринска Македонија, каде се најзастапени во јужните и југозападните делови – Петрич 85-90%, Сандански 80-85% и. тн. 

По Втората светска војна за време на Георги Димитров Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија по барање на Југославија најпрвин добила културна автономија која, подоцна, требало да прерасне во автономија според барањето на Тито до Димитров да се припои кон тогашната Република Македонија (Југославија) како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација.

По смртта на Георги Димитров (1949 година) таа обврска на Бугарија Софија ја отфрла, а оттогаш па до денес Бугарија, според заклучоци на ЕУ, не обезбедува исполнување на основните етнички права и европски етнички стандарди за Македонците во Бугарија. Па така, на пописот во 1992 година само 10.803 граѓани на Република Бугарија можеле да се изјаснат како Македонци, а според официјални податоци пак од пописот во 2011 година, само 1.654 граѓани на Бугарија се изјасниле како Македонци. Организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден – Пирин наведуваат бројка 0д 187.000 лица – етнички Македонци во Бугарија.

Македонците во Албанија најмногу се населени во три области: Мала Преспа, Голо Брдо и дел од областа Гора – на околу 1.115 км². Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму засега официјален јазик е македонскиот, кој се користи во основно образование. Во Мала Преспа живеат околу 6.000 Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението. Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти се обидуваат со агитација да прикажат дека таму живее бугарско малцинство.

Здруженијата на Македонците од Албанија тврди дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150.000 Македонци. Односот на Албанија кон Македонците и Македонија се гледа и од фактот дека Албанија ја нема признаено Македонија под уставното име, иако во Македонија се остваруваат сите права на етничките Албанци.

Први иселувања на Македонци се забележуваат кон крајот на XVII век, кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и политичка природа. Голема концентрација на Македонци денес има во источниот дел на Војводина, во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин каде Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна.

Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесеттите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесеттите години.

Така, раселувањето на емигрантите од логорите во Грција, Италија и Австрија започна 1951 година, главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина), од 1957 година во Белгија, 1958 и 1961/62 во скандинавските земји, а во седумдесеттите години се засили бранот на граѓани на привремена работа и престој во странство. Се проценува дека само од Република Македонија во земјите на стариот континент денес има над 100.000 Македонци.

Исто така има и неколку десетици илјади етнички Албанци, Турци, Роми и други од Р.Македонија, кои пак таму живеат и работат над триесет години. Најголем број од нив над 50.000 се во Германија, над 10.000 во Швајцарија; десетина илјади во Шведска, по околу 5.000 во Австраија, Франција и во Данска, а неколку илјади во Белгија и во другите европски земји. Според неофицијални податоци има и десетина илјади Македонци од Беломорска Македонија и помал број од Пиринска Македонија. Овој број на Македонците во Европа во последните години речисн е непроменлив, или варира со помали осцилации.

Исто така, се проценува дека во Европската унија (Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Франција, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Велика Британија, потоа во Словенија, Хрватска, Чешка Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Украина, Русија и други земји) живеат околу 200.000 граѓани од македонско потекло. Македонците кои работат во поголемите центри ширум Европа, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и друтите асоцијации. Досега се формирани околу 40 клубови и лруг вид асоцијации, со македонско национално обележје и тоа: во Германија дваесетина, во Шведска десетина, по неколку во Франција, во Данска, во Австрија итн.

Оваа форма па општествено собирање придонесува за зачувување на националниот и културниот идентитет на Македонците и нивната врска со родната земја. Тука, со различен успех се организираат информативни (печат, радио), културно-забавни, воспитно-образовни, црковно-просветни, спортски и други активности, кои придонесуваат за зближување во новите средини.

 

1mi23

Мавзелот на Георги Димитров (пред разрушувањето)

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот период, Македонците во западно-европските земји правеа обили да се организираат. Во почетокот иницијатори беа поединци-емигранти декларирани како антикомунисти во прифатните логори. Оние, пак, емигранти во грчките логори кои изјавија дека се Македонци беа изложени на посебен режим на измачување. Тие беа, главно, членови на Македонскиот национален комитет (МНК), подоцна преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослобудвање и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) и други организации. Македонците во западно-европските земји, покрај тоа што се организираа во политички партии, обично се групираа и печатеа информативни гласила, преку кои ја изразуваа својата политичка и национална определба.

Македонците во западно-европските земји, по примерот на прекуокенаските земји, САД, Канада и Австралија, во изминатите три децении, започнаа да се организираат на црковно-национално поле. Така, уште во седумдесеттие години, најпрвин во Шведска, потоа Данска, Германија, Швајцарија, Австралија, Франција, Велика Британија… Како резултат на силниот подем денес се организирани или се во формирање 28 македонски православни црковни општини кои се во Европската епархија на Македонската православна црква.

Исто така, значајно поглавје во историскиот развој на Македонците во дијаспората е и прашањето со Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотици во Истанбук, Измит, Бурса и во други градови во Турција, како и во европските и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, Реканскиот крај, с. Горно Врановци, Скопско, Тетовско, Гора (во Србија и Црна Гора, односно Косово) и од други места. Карактеристино за оваа македонска популација е тоа што ја примила муслиманската вера, а ги задржала: македонскиот јазик, културните вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија.

Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне тешко е да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во САД, Канада и во Австралија живеат околу 500.000 македонски доселеници, од кои околу 150.000 во САД, приближно 150.00 во Канада и повеќе од 200.000 во Австралија и Нов Зеланд, од кои поголемиот број се од егејскиот дел на Македонија и од Република Македонија, а мал број од македонскиот дел во Бугарија и во Албанија.Постои одреден број дојденци од македонско потекло коишто живеат во Јужна Америка, Египет, Израел, Јужна Африка, Узбекистан и во Турција каде има голем број Македонци-муслимани и етнички Турци од Македонија.

Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои се нарекуваат потомци од војската на Александар Македонски. Имено, на Хималаите, во најисточниот дел на Пакистан, живее племе кое се разликува од сите наоколу. Тие се високи и русокоси. Имаат своја автономна држава која ја нарекуваат Ханза или Ханза-кут, а говорат бурушевски јазик и себеси се сметаат за Македонци, потомци на Александар Македонски. Во Уставот на таа хималајска држава пишува дека се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време, малкумина ја прифатиле исламската религија, но си ги чуваат своите стари традиции.

Карактеристично за оваа македонска популација е тоа што ја примиле муслиманската вера, а  го задржале македонскиот јазик, културните вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија. Како резултат на желбите и напорите на Македонците со муслиманска вероисповед да ги зачуваат своите корени во новите средини, тие таму формирале културно-уметнички и други друштва и асоцијации со македонски карактер. Слични или идентични се случаите со етничките Турци во Македонија, кои носталгично се поврзани со родната земја и местата на своите предци. Тоа придонесува да се јакнат врските на духовен, културен, и, особено, на економски план меѓу Република Турција и Република Македонија.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *