Ричард Кремер: На долг рок прифаќањето на францускиот предлог ќе се покаже како добро за граѓаните на Северна Македонија

Негодувањата за прифаќањето на францускиот предлог се поради зголемени емоции во моментов. Но, на долг рок, мислам дека сите граѓани на Северна Македонија, ќе го ценат членството во ЕУ и во НАТО, што е природна траекторија каде се движи земјата во моментов. Не може да се прецизира што е следно и колку би траеле преговорите, вели Ричард Кремер, добар познавач на случувањата на Западниот Балкан од организацијата Алијанса САД – Европа во Вашингтон во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Тој го поздрави политичкиот чекор напред дека по 17 години од добивањето на кандидатски статус, Северна Македонија ги почна пристапните преговори и и изрази задоволство што ѝ Албанија е во пакет со Северна Македонија.

-Што е следно? Тоа е прашање од 64.000 долари, како што велиме. Ова требаше да се случи многу порано, уште во ноември 2019-та. Северна Македонија и Албанија одамна имаат стремеж кон ЕУ и двете земји се ориентирани кон западните демократии, а не кон авторитарните режими, вели Кремер.

Тој не гледа проблеми да се организира каков било референдум за важно прашање, но потенцира дека Северна Македонија има демократски избрана Влада во чија платформа е нагласен почетокот на преговори со ЕУ.

-Имаше компромиси. Бугарија мораше да направи отстапки, Северна Македонија, исто така. Така се постигнува напредок. Не се сите среќни секогаш при компромис, но тоа е суштината на преговорите. Негодувањата за прифаќањето на францускиот предлог се поради зголемени емоции во моментов. Но, на долг рок, мислам дека сите граѓани на Северна Македонија, ќе го ценат членството во ЕУ и во НАТО, што е природна траекторија каде се движи земјата во моментов, додава Кремер.

Според него, остварливи се проекциите на некои аналитичари, до 2030-та,  Северна Македонија и Албанија да станат дел од европското семејство.

-Остварливо е. Има генерализирање дека постои загриженост за нивото на корупција во Албанија. Но, албанскиот премиер Еди Рама покажа дека иако не може да се сузбие целосно, но има напредок на тоа поле. Истото се случува и во Северна Македонија. Владеење на правото, одговорна и транспарентна влада, организирање фер и слободни избори би биле посакувани компоненти од една демократска земја. Тоа би било инспиративно за другите аспиранти кон ЕУ во регионот, додава Кремер.

Американскиот аналитичар предупредува и дека регионот е ранлив на ширењето на руската пропаганда само доколку граѓаните веруваат во разните дезинформации, непроверени и сомнителни извори на информирање.

-Тоа што гледаме во Бугарија, Босна и насекаде на Западниот Балкан, ваквите руски дезинформации и лажни вести не поминуваат меѓу жителите на Балканот, со исклучок на Србија, каде владее постојана јавна поддршка за Русија и покрај бруталната и неиспровоцирана војна против украинскиот народ, оцени Кремер.

Се додека САД продолжуваат да им помагаат на земјите од Западниот Балкан да станат консолидирани демократии на слободниот и отворен пазар, тоа, вели, ќе помогне полесно да се интегрираат во ЕУ.

-Индиректна корист, наместо директно наметнување, би требало да биде ангажманот на САД од која било администрација во Вашингтон кон Балканот, додава Кремер.

One thought on “Ричард Кремер: На долг рок прифаќањето на францускиот предлог ќе се покаже како добро за граѓаните на Северна Македонија

  1. O cassino Betano transforma suas terças-feiras em dias de pura diversão e grandes oportunidades com a oferta sem depósito Happy Day da Betano. Esta promoção especial traz rodadas grátis para você se divertir ainda mais nas emocionantes slots da iSoftBet. Veja abaixo como ativar o bônus sem depósito da Betano. No Betano, o valor do depósito mínimo varia de acordo com o método que você escolhe na hora de depositar. Porém, há opções a partir de R$20 com métodos como o Pix.  Participar do concurso Lotofácil é fácil e acessível para todos os brasileiros. As apostas podem ser feitas em casas lotéricas, pelo site oficial da Caixa Econômica Federal ou através dos aplicativos Loterias Caixa e Caixa. Veja como você pode realizar sua aposta:
    https://www.rcuniverse.com/forum/members/annawhite.html
    Gostou do jogo? Aqui está uma pequena lista de outros títulos que você pode experimentar se o Big Bass Bonanza foi di seu agrado. São 3 slots que trazem muita diversão, bônus e bons prêmios. Experimente todas! Este é um dos jogos mais emocionantes do repertório do cassino online, a conta precisa de uma confirmação antes de retirar o lucro. Os bônus de Fidelidade são principalmente para os OGs do reino dos jogos de cassino online, alguns cassinos NetEnt realmente chamaram minha atenção. Casinos ainda são criados para fins de entretenimento, o Betway e o 888 Casino. Big Bass Bonanza volatilidade a empresa é obrigada por sua licença emitida pela UK Gambling Commission a informá-lo sobre o que acontece com os fundos que a empresa detém por conta de você, como o símbolo de peixe vai pagar no máximo 10x a aposta por linha.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *