По одлуките на Вселенската патријаршија и СПЦ, МПЦ–ОА е на пат да ја врати својата автокефалност, одземена во далечната 1767 година
Димитар Поп Ефтимов: „Македонската православна црква секогаш била со народот“
„(Македонската црква) секогаш била со народот во насреќните, како и во најтешките минути од неговиот живот… Така било во времето на св. Климент, кога црквата и народот претставуваа една целина – еден ум, една душа, едно срце, една волја, кога народот беше црква, а црквата – народот.Така било во времето на Самуил Велики и неколку децении пред него, кога македонското свештенство, за да го спаси народот…создаде нова македонска црква… Така беше и таква остана – прогресивна, бунтовничка, револуционерна македонска црква и во ерата на нашата преродба, кога стана непоткуплива стража, бестрашен знаменосец на борбата за црковно-училишна слобода и еднаквост.“ – пишува во текстот „За македонската црква“ Димитар. nоп Ефтимов („Македонска мисъл“кн. 9-10, год. 1, 1946)
Димитар Поп Ефтимов (20.10.1890 –25.11.1961) е општественик, учител и новинар, деец на левицата на македонското ослободително движење, член на БКП и КПЈ. Роден е во Ресен во 1890 година и емигрирал во Бугарија, каде бил претседател на Варненското македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. Како бугарски воспитаник работел како учител во Варна, а бил и главен редактор на весникот „Македонска правда (1933 – 1934).
По ослободувањето на Македонија, во 1945 година, Поп Ефтимов заедно со Спасе Чучук, Васил Куновски, Јордан Кираџијски и Јонче Јосифовски го пишуваат во Скопје првиот буквар на македонски литературен јазик. Тој бил еден од основачите на Зрдужението на македонските новинари во февруари 1946 година. Но, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија. Починал во Варна во 1961 година.
Поп Евтимов се до промената на политиката на Софија сведочи за македонскиот идентитет. Меѓудругото говори за името „бугарин“ во Македонија пред 100 г., но притоа вели дека тоа име не е етничка ознака и дека истото е наметнато со Егзархијата. Како што вели: „Крајна цел на Егзархијата беше побугарување на цела Македонија.“, притоа го споделил сведоштвото дека пред еден век, се случувало – „во една иста куќа, таткото се чувствувал чист Хелен (Грк), синот како Бугарин, а чичкото или вујкото – прави Срби“. Тоа значи дека во Македонија, „бугарин“, „грк“ и „србин“ не биле етничка определба, туку црковна или политичка определба.
Освен за дејстввањето на Егзархијата, тој говори и за Македонската православна црква, која како Охридска Архиепископија беше укината во далечната 1767 година, а чиј процес на возобновување започна уште во октомври 1943 година во селото Издеглавје. На тој Прв свештенички собир за време на Втората светска војна била донесена одлука за организирање на Македонска православна црква, како возобновена Охридска Архиепископија.
Осврнувајќи се на континуитет на непрестаната врска на црквата и свештенството со својот народ и неговата вековна борба за народна и црковна слобода, Поп Евтимов во статијата „За македонската црква“ објавена по војната во „Македонска мисъл“ (кн. 9-10, год. 1, 1946.) списание на Македонскиот научен институт во Софија, меѓудругото ќе напише:
„Ако внимателно го погледнеме минатото и начинот на живеење на нашиот народ во најважните фази од неговиот историски развој, со голема радост и нескриена гордост ние ќе констатираме како Македонци, дека таков начин на живот и такво минато има силен широконароден и длабок демократски карактер. Од оваа радосна констатација произлегува заклучокот дека сите институции во нашата земја, а во тој број, секако и Македонската црква, доколку сакаат да останат верни на славните традиции на нашиот народ, треба да имаат широк народен карактер, кажано ова во најдобро и во најблагородно значење на тој збор.
Македонската црква уште во првите чекори од својот живот со венцеславниот сеславјански првоучител Св. Климент Охридски, за разлика од сите други христијански цркви, се здоби со широко народен и … револуционерен карактер. За разлика од сите други Христови цркви кои ги прогласуваа за свети старите мртви јазици и со нив ги „ширеа“ и ги толкуваа Христовите вистини, Македонската црква, напротив, како божествен јазик го подигна народниот јазик, простонародната славјанска реч, која наскоро се претвори во прекрасен книжевен јазик, способен да ги пренесе во прекрасни и извонредни говорни созвучја најнежните нијанси на човековата мисла, најслатките треперења на човечкото срце, како и најгорките емоции на човечката душа. А таа „проста реформа“ беше во суштина вистинска револуција, непростлив ерес спрема свештените традиции, против неприкосновената црковна догма за тријазичност.
Затоа, кога станува збор за прогресивноста или реакционерноста на различните Христови цркви, повторно ќе треба да забележиме дека нашата Македонска православна црква во најважните моменти од својот развој отсекогаш била прогресивна, понекогаш слободољубива. стопроцентно народна и никогаш реакционерни и антинародна.
…Зборувајќи за реакционерната и античовечка политика на Цариградската патријаршија, немаме намера да говориме за паклениот обединет фронт склучен меѓу оваа патријаршија и византиските императори, за уништувањето на славјанските народи на Полуостровот или криминалната конкубинат на истата таа патријаршија и крвавите султани, ниту за срамната заповед на еден од цариградските патријарси да се запалат и целосно да се уништат сите славјански книги и сите славјански натписи во разни цркви и манастири во славјанските земји, ниту пак за подвизите на епископи како Каравагелис и други. кои заедно со султанскиот аскер ги палеле селата во Егејска Македонија, ги убивале и колеле деца, а ги срамеа девојките и невестите, за да се види од сите до кој степен на срам се урнати идеалите на тој што го дал името на таа црква. и тој што беше распнат на крстот на Голгота за да покаже како треба да им се служи на овие идеали. . .
Во последните години и самата Македонска црква го почувствува методот и жилата на претставниците на различните „христијански“ православни цркви во земјите кои ја зазедоа македонската земја и го поробија македонскиот народ. Таа виде како претставниците на Грчката православна црква ги учеа великогрчките евзони да им ги дупчат јазиците на малите Македончиња во Костурско само затоа што тие на својот сладок мајчин јазик се смеат, пеат или плачат.
Таа, македонска црква, сама виде како преставниците на православнната христова црква на бивша „Југославија“ во лицето на македономразецот Варнава, заедно со великосрпските „пандури“ формирале љути хајки против секој еден Македонец кој си дозволуваше да крене глас против страшната сатрапија, глас за слобода и самоопределување за свои цркви и училишта. Таа, македонската црква, ќе си спомене за крвавиот баханалии над најомилените деца на Македонија во Бугарија, каде беа убиени над 3.500 најдостојни македонски борци, меѓу кои и големите Сандански, Ѓорче Петров, Димо х. Димов, Славчо Ковачев, Арсени Јовков, Ангел Поп Василев, Скрижовски, Таската и цела една плеада маченици и херои на „Христовата православна црква“….
„. (Македонската црква) секогаш била со народот во најсреќните, како и во најтешките минути од неговиот живот… Така било во времето на св. Климент, кога црквата и народот претставуваа една целина – еден ум, една душа, едно срце, една волја, кога народот беше црква, а црквата – народот. Така било во времето на Самуил Велики и неколку децении пред него, кога македонското свештенство, за да го спаси народот…создаде нова македонска црква… Така беше и таква остана – прогресивна, бунтовничка, револуционерна македонска црква и во ерата на нашата преродба, кога стана непоткуплива стража, бестрашен знаменосец на борбата за црковно-училишна слобода и еднаквост…
Таква била и таква останала Македонската црква за време на епохалните револуционерни борби на македонскиот народ, предводени од титаните на македонската револуција Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо х. Димов, Даме Груев, Пере Тошев и др. и кога со својата крв ги испишаа најславните страници на македонската револуција. Во овие борби македонскиот свештеник, во едната рака со крстот Господов, со камата и револверот – во другата, ги крстосуваше селата и градовите заедно со најистакнатите апостоли на нашата слобода, проповедајќи ја новата револуционерна религија, крштевајќи во името на новата револуционерна вера и заклетва во неверување во сите други вери кои се спротивставуваат на догмите на новото, вера во неизбежната крвава, но славна револуција.
Но, кулминацијата на врвното сознание на нашиот свештеник, неговата посветеност и подготвеност на безгранични жртви во името на народноослободителниот идеал, во име на кој идеал даде неспорни докази, го гледаме во последните револуционерни борби на Македонија. за време на борбите на Македонија, за време на борбите наши славни партизани, кога македонскиот свештеник не се двоумеше да ги стави на крстот Господ и блескавата петокрака, што го ублажува радосниот факт дека македонскиот свештеник е способен за уште поголеми жртви, се додека овие жртви носат една уште подобра иднина на нашиот народ. . .
Еве каква била Македонската црква во минатото – сосема народна, слободољубива, прогресивна, територијална мала, но голема по своето општославјанско и општочовечко значење, која прва им го даде на славјанските народи писмените знаци и со тоа ги спаси од очигледно уништување, а на човештвото, во добата на најстрашната религиозна ноќ на средниот век, добата на нечовечноста, духовно и физичко мракобесие, најпрво им го донесе концептот на еднаквост, вистинска слобода и економска еманципација.
Таква била македонската црква, таква мора да остане и во иднина – независна, со своите македонски свештеници и архиереи како што била со многу векови.“
По одлуките на Вселенската патријаршија и СПЦ, МПЦ–ОА е на пат да ја врати својата автокефалност, одземена во далечната 1767 година. Тоа право го заслужува МПЦ–ОА и македонскиот народ после многудецениска борби и дадени жртви.
Wow, wonderful weblog layout! How long have you been running a blog for?
you make blogging glance easy. The full look of your site is wonderful, let alone the content material!
You can see similar here najlepszy sklep