Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО .

Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *