Османи: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералата со Јапонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници Санто Акико.

Како што информира МНР, на средбите соговорниците се осврнаа на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓу парламентарната соработка. Беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на врските меѓу двата законодавни дома, особено преку постоечките пратенички групи за соработка во двете земји.

На средбите, како што се наведува, стана збор и за економската соработка меѓу двете земји и можностите за унапредување на бизнис релациите, особено во делот на привлекување јапонски инвестициите.

Претседателите и на двата дома изразија силна поддршка за европските интеграции на Северна Македонија, што претставува значаен предуслов за напредокот на земјата, но и за севкупната стабилност на Западниот Балкан.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната безбедносна состојба по руската инвазија во Украина, како и нејзиното влијание врз стабилноста во Европа и Индо – Пацификот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *