Фолклорниот ансамбл „Томов“ од Њујорк имаше успешни турнеи низ Македонија, за кои бројни написи беа објавени во разни информативни гласила. Во продолжение ќе го поместиме текстот на д-р Кристина Калас, член на Ансамблот што беше објавени во магазинот „Њузлетр“.
Во текстот од Кристина Калас се вели: „Како што посветените читатели на „Њузлетр“ веќе знаат, Ансамблот ,,Томов” имаше единствена можност минатото лето (1979) да оди на турнеја и да настапува во родната Македонија на Георги. Бевме поканети да настапиме на Битолскиот фестивал како претставници на нашето родно македонско село … Њујорк.
Долгорочно гледано, поважно од настапите беше можноста да видиме и да запознаеме дел од луѓето и местата во Македонија. Имавме бучен почеток утрината по нашето пристигнување во Битола кога моравме сосила да се разбудиме за да доручкуваме со градоначалникот. Кафе и густ сок. Никогаш во твојот живот: вотка и шливовица сервирани во чаши со дршка, на сребрени послужавници, од келнери полни со почит со вештина да се приближат нечујно и дополнувајќи ти ја чашата до работ секогаш кога ќе ја свртиш главата на друга страна. И бешто токму таму кога прв пат се запознавме со македонската разонода број еден: држење говори. Колку подлги, толку се повеличенствени, толку се подобри.
Македонците, Бог да ги благослови, имаат извонредна способност да го растегнат, она што за нас би било добродојде искажано во 25 збора, во текст од десет страници искуцани на машина за пишување. И тоа, со еден проред. А често читаат дословно, т.е. од збор до збор. На приемот кај градоначалникот, Георги ни оддаде чест со тоа што преведуваше, фраза по фраза, а потоа Чинг ни го преведуваше неговиот превод.
Но, со уморот позади нас и со шливовицата надвор од нашиот систем за варење, наскоро бевме спремни да ја истражиме земјата и во текот на две недели успеавме да поминеме? Низ цела Македонија, нашироко и надолго од едниот крај до другиот, од Охрид до Битола до Струмица до Скопје.
Едно од најпријатните нешта при посетата на еден македонски град, беше патувањето до стариот дел град. Во повеќето градови во Европа, вклучувајќи ги и оние на Јадранскиот брег, бојата и животот на старите квартови се вештачки зачувани и старомодно и допадливо спакувани за туристите, но во Македонија многу занаети и вештини останале непроменети уште од средновековието.
Шетајќи по стариот дел на Битола и одејќи навалено по закрпените и искривените калрдми и сокаци ќе наидете на кожари, ковачи, златари, пекари, кујунџии. Дури и неколку старци со тврда кожа на рацете кои продаваат застарени делови од народна носија. Можно е да најдете и вистински делови од носиите – прслук, чорапи, свечена престилка. (Проблем за повеќето туристи е изнесувањето на вредни делови надвор од земјата, бидејќи владата не сака дел од нејзиното фолклорно наследство да заврши во рацете на странските колекционери).
Не е проблем да се најдат и кукпат опинци, бидејќи модерните чевлари постојано ги произведуваат за продавање; прекрасно искуство е да влезете во продавница и да видите стотици и стотици пара опинци како висат на зидовите, касите, преградните греди на таванот. Рог на изобилство за еден балкански играорец.
Во стариот дел на Скопје или на Охрид, може да се седне во кафе ресторан на едно топло, вкусно горко ,,турско кафе” и да ги гледате луѓето кои поминуваат. Муслиманските жени секогаш се лесно препознатливи бидејќи носат мантил и носат марама на главата. Живата во термометарот се искачи на 40-тиот степен неколку пати во текот на нашиот престој, но тие мантили не само што не беа соблечени, туку не беа ниту откопчани. Исто така, лесно беше да се забележат албанските жени кои носат егостични пантолани во форма на вреќа. Но, не мешајте ги нив со ромските жени чии шалвари се дречаво/упадливо шарени, но никогаш не се воздржано многубојни како на Албанките.
Македонците кои ги запознавме во текот на нашата турнеја беа срдечни, топли, отворени луѓе. Тие беа восхитени и горди кога дознаа дека оваа група Американци научија доволно за нивното наследдство за да ги научат нивните песни и да ги играат нивните ора. Тие тоа го земаа како комплимент за себе си и со право.
Едно од моите најдобри сеќавања е поврзано за една стара жена во Битола која нî гледаше како пред парадата игравме на улицата. Кога музиката престана и кога застанав веднаш до неа, само се насмеав бидејќи знаев дека немаме заеднички јазик на кој би можеле да зборуваме. Ми врати со насмевка, нејзиното лице се збрчка во илјадници бори и таа ме прегрна со нејзините кревки, слаби раце и се смееше.
Исто така, имавме можност да играме во бројни мали провинциски села. Едно од нив беше селото во кое возачот на нашиот автобус, Иван, го минал своето детство. Тој весел човек, кој сака шеги и е голем по душа, ја прифати нашата група како да е негова и со гордост нî покажуваше како тој самиот да нî имаше пронајдено. Игравме во сочеви, прашнави селски сретсела со завивањето на зурли, гајди и неуморниот тапан.
Струмица
Селаните мислеа дека е прекрасно што ги игравме нивните ора, но како, тие сакаа да знаат, изгледа кога Американците си ги играат своите танци? Па, решеивме да им покажеме. И го игравме нашиот танц со чукање со кломпи. И моравме на сите да им заличиме како диви југословенски луѓе од гума – целосно облечени во македонска народна носија, пропратени со гласни извици додека ги виткавме колената, мавтавме со рацете и се обидувававме залудно да удираме со опинците во правливата трева. Тоа им се допадна.
Во текот на турнејата, откривме дека повеќето од македонскиот предел е планински, но повремено со изненадувачки варијации на оваа тема. Планинските предели околу Охридското и Преспанското Езеро се фрапантно убави. Пејсажот не ви го одзема здивот, но висината и острите кривини по планинскиот пат засигурно ќе го сторат тоа.
Светот на врвот од планините изгледа како раскошна творевина – див простор што не старее каде ветерот е единствениот звук што се слуша и каде можете да гледате преку студеното, длабоко пространство на Охридското Езеро до другата страна, до албанските падини на спротивниот брег. Планинските врвови се населени само од осамени овчари, полни со самосигурност оставени сами на себе, кои живеат од млекото и сирењето од нивните стада во текот на поголемот дел од годината.
Поголемиот дел од пределите низ кои поминавме не беше толку возбудлив, туку само живописен: падини облеани со сонце, суви и топли освен онаму каде реките или накалите создаваат цветни бавчи, градини и фарми. Патлиџани, краставици и пиперки се главните летни зеленчукови производи, а на југ се гледаат низи и низи тутун што се сушат покрај патиштата.
Низ цела Македонија, можевме да најдеме слатки лубеници и дињи и големо, вкусно црно грозје. Еден ден, застанавме да купиме грозје од една тезга покрај патот и додека јадевме … свежа изворска вода. Погледот се протегаше преку вжештеното и загреано пространство од ридови и планини кои се продекаа на југ, кон Грција и јас се осмелувам да речам дека таму полските клозети без врата се една од најубавите туристички поволности во Македонија.
Св. Јован Бигорски
При крајот на нашиот престој, отидовме во манастирот Св. Јован Бигорски, сместен во едно прекрасно шумско место на острите зелени планини северно од Охрид. Таму станавме филмски ѕвезди. Вардар филм, скопска филмска компанија специјализирана за документарни програми, се заинтересира за сторијата на овие Њујоркчани за кои беше известувано дека играат како чистокрвни Македонци и со целата своја екипа додоа во Манастирот да го снимаат нашето трансформирање од фармерки во туники, прслуци и појаси.
Го сликаа и самиот манастир, со неговата спокојна, достоинствена внатрешност украсена со икони и резби. Не’ снимаа на столбиштето, обележено со точки на нашите носии, а потоа и надвор на светлото сонце како играме во двориштето со калдрма. Бев ошамутена од убавината и бојата на нашите носии на силната сончева светлина. Колку поинаку од начинот на кој јас отсекогаш ги гледав под вештачко осветление, на затворено.
Потоа, филмската екипа не’ почести со ,,мал ручек” – она на што тие беа домаќини беше “продукција “ од (најмалку) седум јадења (најмалку) која се оттегна повеќе од 4-5 часа (ја заборавив точната бројка по неколкуте чаши вино). Од пченкарно брашно и јогурт како предјадење до печеното јагнешко, па до богато-вкусните палачинки како десерт тоа беше јадење достојно на византиската традиција на раскошна манифестација.
На последниот ден во македонија, филмската екипа дојде во нашиот хотел во Скопје за да нî испрати. Додека се качувавме во автобусот и бевме спремни да мафтаме за збогум, еден од членовите (убавиот) се појави пред нас не преминот меѓу седиштата, со полни раце и на секого од нас му даде свеж каранфирл, чоколатска и бакнеж. Прекрасен начин да се заврши нашата сторија и добар начин да нî охрабри и поттикне пак да се вратиме при првата можност.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
It’s very interesting! If you need help, look here: hitman agency