ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (28)

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СМРТТА НА

Додека Селеук и Антигон се бореле еден против друг, еден генерал, кој извојувал победа против Галите, навлегол во Македонија, го симнал од престолот младиот Антипатер и ја земал круната, но не за себе.

Популарноста на Антигон почнала да расте откако ги поразил Галите во една решавачка битка. По некоја случајнот, неговите оружени сили налетале на широка колона со повеќе од осумнаесет илјади Гали кои марширале низ Тракија кон крајбрежниот град Керсонес /Chersonese/. Со еден мудар потег, Антигон изманеврирал, ги фатил во стапица и ги масакрирал Галите, извојувајќи крвава, но решавачка победа.

Тоа му го донело признанието кое тој го посакувал за повторно да се афирмира во играта за власт и да го добие македонскиот трон, кој толку го посакувал. Не му требало долго време да го истера младиот Антипатер и 206 другите ривали. Но, пред да може задоволно да седне на македонскиот трон, допрва требало да се соочи со Пирх.

До 276 година пред Христа старите ривалства за тоа кој ќе го наследи Александар III како врховен владетел на целото македонско царство веќе не биле важни и семејствата на Антигонидите, Селеукидите и Птоломејците постигнале политичка рамнотежа.

Додека Антигон уживал во својата слава во Македонија, Пирх имал некои работи во Италија за кои морал да се погрижи, но при крајот на 275 година пред Христа, тој повторно се вратил. Му требал добар дел од зимата да се подготви и до почетокот на пролетта навлегол во Македонија. Неговите причини за инвазијата биле лични и прашање на неопходност.

Пирх сакал да му врати на Антигон што одбил да му помогне во текот на неговата војна со Рим. Но, неговите походи во Италија го осиромашиле Пирх и тој требало да пљачка за да ги исплати своите војници. Имало ли подобро место од она на неговиот стар ривал Антигон? Но, она што е најважно, е што Пирх ја сакал Македонија само за себе.

Оружените сили на Антигон Гонатас биле нападнати и поразени. Самиот Антигон побегнал со дел од својата коњица во Солун. Остатокот од неговата војска му се предала на Пирх. Како и неговиот татко пред него, Антигон бил поразен, но не и исклучен од играта. Тој се уште поседувал неколку крајбрежни градови и моќна флота. И, што е најважно, тој се уште бил крал.

1fe3212

Библиотека во пламен

Пирх успеал повторно да ги стекне Македонија и Тесалија, но не бил популарен кај македонскиот народ, особено не откако се здружил со Галите и им дозволил да ги ограбат кралските гробови во Аига. Кога Пирх целосно ја изгубил својата популарност кај Македонците, ја напуштил Македонија за да изврши неколку походи во градовитедржави. Додека бил отсутен, неговиот син Птоломеус /Ptolemaeus/ останал да биде главен и да командува.

Преокупиран со своите походи против градовите-држави, Пирх не успеал да го забележи враќањето на Антигон и неговата окупација на Македонија. Со Македонија цврсто во негови раце, Антигон, во текот на летото во 272 година пред Христа, ја испратил својата флота кај градовите-држави и 207 тргнал во потера по Пирх. Кога спротивставените војски се сретнале, отпочнала битка во која Пирх бил погоден и се онесвестил. Додека лежел, еден непријателски војник го препознал, му ставил јаже околу вратот, му ја отсекол главата и ја однел кај Антигон.

Набрзо по смртта на Пирх, битката завршила и веќе немало натамошен отпор од сојузниците на Пирх. Откако Пирх не му стоел веќе на пат, Антигон имал можност повторно да ги заземе сите градови-држави и да ги стави под своја контрола. Како и Птоломеј пред него, дејствувал внимателно и не дозволил да го обземат амбициите.

Оттогаш па наваму, со мали судири на границите, со царството на Александар ќе владеат три династии – Антигонидите, Селеукидите и Птоломејците. Педесет години по смртта на Александар, неговото царство останало негибнато и се уште со него владееле Македонци.

До 268 година пред Христа, работите повторно почнале да се раздвижуваат кога Птоломеј II ги подбуцнал Атињаните да ги истераат Македонците и да му објават војна на Антигон. А Антигон планирал да ја зајакне својата поморска моќ во Егејското Море, која ќе стане директна закана по поморската трговија на Птоломеј. Тој немал намера да им помогне на градовите-држави, но нивната желба да се ослободат самите од македонското владеење била толку голема, што многу од нив, вклучувајќи ја и Спарта, ги игнорирале ризиците и почнале подготовки за војна.

Состојбата ескалирала и Антигон решил да стапи во дејство. Се сретнал со спартанската војска надвор од Коринт каде отпочнала битка која Спартанците ја изгубиле. За да ја задуши состојбата целосно, Антигон ја ставил Атина, главниот поттикнувач, под опсада. Ветувањето на Птоломеј за помош од море никогаш не се реализирала и Атина била оставена да гладува се’ додека не се предала. Откако се предала, Атина ја изгубила својата автономност и Македонците уште еднаш ја контролирале и неа и нејзините работи.

Кога градовите-држави биле покорени, Антигон, во 261 година пред Христа, ја нападнал морнарицата на Птоломеј во Егејот и постигнал голема победа. За да ги зацврсти своите позиции, Антигон, исто така, поставил стратегиски одбранбени воени бази по должината на атичкиот брег.

Во Азија, во меѓувреме, Антиох I /Antiochus I/, од Селеукидската династија, имал свои лични проблеми.Неспособен, понекогаш неволен да го држи своето царство сплотено, Антиох I почнал да губи дел од своите погранични имоти кои почнале да се отцепуваат. Ги изгубил Кападокија, Понтус и Битинија, а сатрапите Бактрија и Согдијана само што не станале независни.

Но, во 261 година пред Христа, кога работите почнале да се подобруваат, Антиох I умрел, на возраст од шеесет и четири години, и го наследил неговиот син Антиох II. Антиох II брзо формирал добредојден сојуз со Антигон Гонатас. Заедно, тие сега биле способни да го запрат Птоломеј и да го држат под контрола. За жал, овој сојуз им дал предност на Антигон и Антиох во однос на Птоломеј и ги поттикнал да преземат дејство за повторно да стекнат дел од своите изгубени поседи.

Додека Антигон продолжувал да ја гради својата поморска сила, Антиох почнал лични походи против Птоломеј поттикнувајќи ја таканаречената Втора сириска војна. Чувствувајќи дека ќе го изгуби тлото под нозете, Птоломеј II, во 254 година пред Христа склучил мир со Антиох II. За да го запечати династичкиот сојуз, Антиох се оженил со Береница Сира /Berenice Syra/, ќерката на Птоломеј која му донела огромен мираз. За жал, Антиох веќе бил во брак со Лаодица од која морал да се откаже со прилично голема исплата, но таа одбила да се согласи.

Додека водел добра политика со Антиох, Птоломеј II водел лоша политика со Антигон, поддржувајќи една побуна против него на Коринт. Во 253/252 година пред Христа, Александар, внук на Антигон и гувернер на Коринт, се побунил против Антигон и се прогласил себеси за крал. Но, како што се испоставило на крај, пред да може било кое од овие прашања да биде решено, и Птоломеј и Антиох умреле. Птоломеј II умрел во јануари 246 година пред Христа, а Антиох II умрел во август истата година. Додека Птоломеј II бил наследен од неговиот син Птоломеј III, Антиох не оставил наследник.

1fe3213

Се вели дека Антиох умрел прерано, веројатно од труење. Можеби неговата поранешна жена, Лаодица, која во време на неговата смрт била во посета на  дворот, го отрула. Во секој случај, по смртта на Антиох избувнале непријателства помеѓу неговата нова жена Береница, која тукушто му родила син и неговата поранешна жена Лаодица, која тврдела дека на својата смртна постела Антиох го назначил нејзиниот син Селеук како негов наследник.

Береница, чувствувајќи притисок од Лаодица, побарала помош од нејзиниот брат Птоломеј III во Александрија кој брзо дошол да и помогне, но само за да ги најде мртви и неа и нејзиното дете. Како резултат од обидите за атентати и од убиствата, избувнало непријателство помеѓу семејствата на Селеукидите и на Птоломејците. Тоа ескалирало во целосна војна, наречена Трета сириска војна, која траела се до околу 241 година пред Христа, со Селеук II како победник.

Но, неговата победа не го спасила неговото кралство, особено од неговиот сопствен брат кој, охрабрен од својата мајка Лаодица, сакал ко-регентство. Кога Селеук II го одбил, младиот Антиох Хиеракс /Antiochus Hierax/ себеси се поставил за независен владар. Со сите тие востанија и династички ривалства кои биле во тек, иднината на Селеукидската Империја не изгледала многу успешна.

Освен тоа, во 241 година пред Христа, имало пресврт на настаните во Европа, при што Антигон Гонатас морал да изврши измени кај Ахеанската лига, која со секоја измината година станувала се посилна и посилна. Неговиот бунтовен внук Александар умрел во 246 година пред Христа и до 245 година пред Христа, Антигон го повратил она што го изгубил во Коринт. Задоволен со своите постигнувања во текот на својот живот, Антигон Гонатас умрел во почетокот на 239 година пред Христа, на возраст од осумдесет години. Неговиот одлучен и амбициозен син Деметриј II, уште еден Македонец, го наследил.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (28)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *