Публикацијата под наслов „Праисторија на централниот Балкан“ е објавено прво на српски јазик, а потоа во превод на македонски јазик, чиј автори се покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград и Славе Николовски Катин од издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје.
Исто така делото „Праисторија на централниот Балкан“ е објавено под наслов „The Balkans and Macedonia“(Балканот и Македонија) чиј автори се академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто и тоа дело е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, на англиски јазик. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.
Во Воведот на публикацијата „Праисторија на централниот Балкан“, меѓу другото се вели дека за многу историографи вообичаено е „егејската култура“ да ја нарекуваат „хеленско историско чудо“, кое, според нив, почнува во осмиот век пред Христа. Од тој „архајски период“ можеме да ги датираме најстарите написи на грчки јазик кои служат како пишани извори. Особено значење имаат делата на античките историчари кои ни даваат помалку или повеќе поврзан приказ на настаните од античката историја на Грција.
Тоа се Херодот, Тукидид, Ксенофон, Полибиj, Диадор, Паусанија, Стработ, Ератостен, Посејдониj и Плутарх. Современи писатели-хеленисти се Томсен (Thomsen), Томсон (Thomson), Вилкен (Wilcken), Блеген (Blegen), Вентрис (Ventris), Чедвич (Chadwich), Робертс (Roberts), Борза (Borza), Хамонд (Hammond), Папаставроу (Papastavrou), Папазоглу (Papazoglu) и многу други.
Меѓутоа, надвор од границите на историјата, наидуваме на настани од неисцрпната ризница на грчките митови и легенди, од херојските епови „Илијада“ и „Одисеја“ кои до нас дошле под името на Хомер. Тука се и делата на Хесоид од Аскра во Беотија, авторот на „Дела и денови“ и „Теогонија“.
Светската наука со векови се бави и со енигмата на „грчкото историско чудо“ и не пронашла соодветни објаснувања за настанокот на тој феномен. По ова прашање постојат спротивставени ставови за минатото, бидејќи оној кој го контролира минатото, безобѕирно тежи да ја диктира и иднината. Бидејќи во Европа денес не живееме во тоталитарни времиња, ќе се направи обид да се објасни тоа фамозно „хеленско чудо“ врз основа на аргументите од современите науки, пред сè на лингвистиката и археологиајта, со еден епистемиолошки пристап.
Просторно, под поимот Грција, обично, се подразбира територијата од Олимп на север до Тенар и Крит на југ. Додека, пак, етногенезата на античките Грци се базара врз составот на учесниците во Тројанската војна: Данајци, Ахејци и Аргејци кои ги навел Ховер во „Илијада“, хеленистите ги означуваат иститете како единствен „грчки народ“ или „хеленски народ“ и тука грешат – бидејќи Хелените го колонизирале Пелопонез 80 години после Тројанската војна.
Натамошна енигма претставуваат боговите од Олимп. Херодот истакнува дека поетите Хомер и Хесиод први се првите кои кај Хелените ги создале приказните за настанокот на боговите и на светот, им дале имиња и ги објасниле божествените почести и вештини и ги одредиле областите во кои тие владеат. Приказните биле подарок на Музите од Пиреја во Македонија, „елоквентните ќерки“ на Мнемосина (Меморија). Покрај верата, енигма претставува и јазикот на античките Грци, како и потеклото на азбуката и на митот.
Според бројни научници се смета дека историските податоци за древните народи на Балканот се многу оскудни, дека нивните јазици и дијалекти не се сочувани, како и нивното писмо – палеографизми. Меѓутоа, се претпоставило дека фасцинантната цивилизација на Лепенскиот Вир, Средното Подунавје и на централниот Балкан од VII милениум пред Христа, морала да остави траги во географските имиња на местата и дека етимолошките и семантичките називи на тие локалитети е можно да се „преведат“ од старогрчкиот јазик.
Многу истражувачи истакнуваат дека античкиот јазик на југот на Балканот, во Грција, стигнал од север, од Дунав, но не наведуваат од кој дел на оваа голема река долга 2860 километри.
Во рамките на епистемолошките, лингвистичките, етимолошките и семантичките истражувања на ономастиката на географските имиња во Средно Подунавје во Србија, во период од околу триесетина години, утврдено е дека Панонија и централниот Балкан се колевка на егејската култура и дека ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав, неговите притоки и на адите претставува алегорија на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија на Олимпискиот пантеон на богови.
Идентификувани се, исто така, и творците на таа култура, а тоа биле Дануните, Борејците и Хиперборејците, во древна Грција познати како Еоли (Лапити, Македонци, Минијци, итн.), нивните миграции на просторите на Егејот и пошироко, нивното учество во Тројанската војна како и нивниот придонес, племенската етногенеза сè до Перикловото „златно доба“, што ја условило и структурата на оваа монографија.
Во делото „Праисторија на централниот Балкан“ се прави обид да се објаснат творците на „хеленското чудо“, бидејќи обликувањето на минатото може да влијае врз иднината. Добиените резултати ќе дадат/обезбедат елементи на една богата древна баштина која народите на Југоисточна Европа, особено на Балканот, повеќе ги поврзува и приближува отколку што ги раздвојува, со надеж дека ќе се отстрани искривента слика за хиерархијата на изворната европска духовна култура. Историјата на народите на Балканот е заедничка и комплементарна, а заедничка им е и нивната иднина во рамките на Еевропската заедница.
Во рамките на епистемолошките, лингвистичките, етимолошките и семантичките истражувања на ономастиката на географските имиња во Средно Подунавје во Србија, во период од околу триесетина години, утврдено е дека Панонија и централниот Балкан се колевка на егејската култура и дека ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав, неговите притоки и на адите претставува алегорија на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија на Олимпискиот пантеон на богови.
Идентификувани се, исто така, и творците на таа култура, а тоа биле Дануните, Борејците и Хиперборејците, во древна Грција познати како Еоли (Лапити, Македонци, Минијци, итн.), нивните миграции на просторите на Егејот и пошироко, нивното учество во Тројанската војна како и нивниот придонес, племенската етногенеза сè до Перикловото „златно доба“, што ја условило и структурата на оваа монографија. Во неа ќе се обидеме да ги објасниме творците на „хеленското чудо“, бидејќи обликувањето на минатото може да влијае врз иднината. Бидејќи историјата на народите на Балканот е заедничка и комплементарна, а заедничка им е и нивната иднина во рамките на Еевропската заедница.
Продолжува
ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН
I found this article both informative and enjoyable. It sparked a lot of ideas. Lets chat more about it. Check out my profile!