Публикацијата „Macedonian in Ancient Times“ (Македонците во античко време) од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Николовски-Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто е издание на „Македонска искра“ од Скопје во 2010 на 232 страници на англиски јазик, чиј рецензенти се Александар Донски и Одисеј Белчевски е посветена на Македонија и Македонците во античкиот период.
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БИБЛИЈАТА
И сега читаме во десеттата глава: “А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет на кои по потопот им се изродија синови[1]. Синовите на Јафета[2] се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.”
Оваа родословна таблица на народите ни открива кој бил Јаван, спомнат во Даниловото пророштво. Но, сега си го поставуваме прашањето: Зошто тогаш во нашиот превод, а и во многу други преводи стои царот на Грција? Одговорот е многу едноставен, но сепак ќе мора работите да ги поставиме по ред, заради постоечкиот (на сите познат) антагонизам меѓу Р. Македонија и Р. Грција.
Најнапред, мора да се повикаме на сознанието дека поимот Грци е релативно соврмен и нов поим. Во антиката тие се нарекувале Елини (Ахајци), и живееле на територијата наречена Ахаја (јужниот дел на денешна Р. Грција). А тоа дека Македонците биле одделен народ од Елините не треба да се спори. Релевантни историчари ја елаборирале како потврда оваа мисла[3], но сепак заради континуитет на ова истражување би навеле неколку факти:
Македонците почитувале поинаков пантеон на божества од Елините[4].
Македонија имала единствен, самостоен митолошки систем[5].
Македонците имале поинаков јазик од Елините.
Интересен е податокот на Квинт Курциј Руф[6] кој во периодот на императорот Клаудије го создал делото за Александар Македонски. Тој спомнува еден настан од животот на Александар, во кој се опишува судскиот процес против еден Македонец по име Филот, обвинет за заговор. Кога Александар го поканил да зборува на својот мајчин јазик, Филот одговорил дека подобро ќе биде ако зборува на елински за сите да го разберат, бидејќи меѓу присутните имало и Елини.
Исто така Демостен, познатиот Атински говорник, во една од своите филипики (говори против Филип II) Македонците ги нарекува варвари[7] кои зборуваат јазик неразбирлив за Елините. Од ова се гледа дека античкиот македонски јазик Елините не го разбирале[8].
Македонците биле територијално одвоени од Елините и имале различно државно и политичко уредување[9]. Елините имале градови-држави, додека Македонија, обединета од Филип II била унитарна држава на сродни племиња со свој монетарен систем. Елините, откако во VIIIв. п.н.е. го напуштиле кралското уредување, воспоставиле демократско или олигархиско уредување.
За македонската држава и територија (освен делумно за крајбрежјето) Елините како колонизатори, не пројавувале особен интерес.
После битката кај Херонеја (338 п.н.е.) Филип II ги покорил Елините[10], а како резултат на тоа во Атина се појавиле две странки: анти македонска (чиј гласноговорник бил Демостен) и про-македонска. Демостен, Елините кои соработувале со Македонците ги нарекувал предавници[11].
Сепак, треба да бидеме објективни и непристрасни. Имено, Елините кои биле промакедонски настроени, Филипа II го дожививувале и прифатиле исто така, како свој владетел (хегемон)[12], а исто и Александар III Македонски кој во своите походи повел и војска од редовите на Елините.
Промакедонските Елини, откако биле покорени, веројатно Македонија ја доживувале како своја држава и при тоа Елините и Македонците се среќавале во исти кругови[13], а походите на Александар како дел од една заедничка стратегија на Македонците и Елините[14].
Можно е таквото мислење да преовладало и кај околните народи, особено кај Евреите, чии седумдесетмината преведувачи на септуагинтата[15] ја превеле именката GYW (Јаван) со зборот ™ll»nwn (еленон). Тоа можеме да го разбереме ако го земеме во предвид фактот дека Евреите сите кои не биле од Еврејска националност и култура ги нарекувале Елини. Тоа отишло дотаму, што дури и своите сонародници од дијаспората ги нарекувале Елини заради попримената елинска култура, што не е чудно, бидејќи и самите Елини овој израз го користеле како предзнак на културолошка, а не на етничка припадност. Па затоа во умот на еврејските преведувачи на септуагинтата преовладало мислењето и ставот на тогашната еврејска мисла.
Во суштина и самиот превод бил наменет за Евреите во дијаспората кои не го разбирале мајчиниот еврејски јазик. Ако се земе предвид и сознанието за тогашниот отпор на ортодоксните Евреи (на пр. Макабејците) кон се што било со нееврејска култура, особено елинската, тогаш ќе ни биде сосема јасно, зошто во преводот бил употребен зборот еленон, наместо оргиналниот Јаван.
Оттаму и во науката неоправдано се наметнала мислата дека Македонците се Елини[16], што не доведува до нашиот македонски превод на Библијата кој по грешка[17] синтагмата GYW :LK (мелех Јаван) ја превела со царот Грчки.
Но, ќе си го поставиме и прашањето, зошто Александар е поистоветен со Јаван. Сигурно не се мисли на самиот Јаван, потомокот на Јафет.
На Евреите од времето кога е пишувана книгата на пророкот Данило (околу 540г. п.н.е.), веројатно не им биле познати сите царства кои произлегле од Јаван (меѓу кои и Македонското царство), па затоа Данило ја воопштува работата сакајќи да ни каже дека тој цар ќе биде од поколенијето на Јаван.
Напишано од Денис Тенев
[1] Според библиските научници родословната таблица од десеттата глава на 1Мојсеева ни ги дава имињата на народите кои во тоа време постоеле и му биле познати на Мојсеј. На Сим му припаѓаат Асирците, Арамејците, Фениќаните, и некои арапски племиња, на Хам му припаѓаат Етиопјаните, Египќаните и др. додека на Јафет му припаѓаат разните североаријски, индоевропски народи. Ѓорги Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 25. The Times, Biblijski Atlas, 92-93.
[2] Јафет значи бел, сјаен, убав.
[3] За подлабоко проучување на оваа тема види: Наде Проева: Студии за Античките Македонци, Историја на Аргеадите и А. Шкокљев-Дончо и С.Николовски-Катин: Придонесот на Македонија во светската цивилизација.
[4] Наде Проева, Историја на Аргеадите. Стр. 98-138.
[5] Шкокљев-Катин, 15.
[6] Цитирано дело, Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 48.49.
[7] Д-р. Проева укажува на “познатиот, но често намерно занемаруван факт, дека Хелените ги нарекувале ƒбарбари· (barbaros) оние кои не зборувале Хеленски” barbaros има ономатопејско потекло: брбори, односно – зборува неразбирливо”. Н. Проева, Историја на Аргеадите, 69.
[8] Бројни слични примери види Н. Проева, Историја на Аргеадите, 76-78.
[9] Н. Проева, Студии за Античките Македонци, 28.
[10] Зачудува тоа што во ниеден друг случај, победникот (Македонија) се проучува во состав на победените (Елините)… Н.Проева, Студии за Античките Македонци, 18.
[11] исто, 31
[12] Коринтска лига 338 п.н.е. елините ја признале својата зависност од Македонците Н. Проева, Историја на Аргеадите, 240-245.
[13] Сепак со тоа не била разнебитена македонската национална свест, имено Плутарх пишува за еден настан во кој ја опишува реакцијата на Александар Македонски предизвикана од Елинската надменост со зборовите: “Зарем не ви се чини дека Елините се движат меѓу нас како полубогови меѓу животни”. Цитирано во: Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 50.
[14] Иако, познато е дека Александар немал многу доверба во нив, што се покажало како оправдано, бидејќи по неговата смрт 323 п.н.е. веднаш било пројавено во Атина антимакедонско расположение, а веднаш потоа и бунт. А. Шкокљев-С.Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 183. Исто така Плутарх тврди дека Елините до крај ја чувствувале власта на Македонците како нешто туѓо и надворешно, Н.Проева, Историја на Аргеадите, 67.
[15] Птоломеј II Филаделф го нарачува преводот на Библијата (Стариот Завет) од еврејски на “коине” јазик, наменет за потребите на Евреите во дијапората кои не го знаеле еврејскиот мајчин јазик. Преводот бил направен од 70 Евреи, и затоа бил наречен “Септуагинта”.
[16] Поимот Елинизам за прв пат е воведен од германскиот историчар Droysen, 1877-78. А. Шкокљев – С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 81
[17] Веројатно несвесно под влијание на тогашната политиката која сосема го отфрли (иако неаргументирано и сосема недокажано) Â континуитетот на античките Македонци до денес.
I thoroughly enjoyed this article. The analysis was spot-on and left me wanting to learn more. Let’s discuss further. Click on my nickname for more engaging discussions.
casibom guncel giris: casibom guncel giris – casibom guncel giris
casibom giris
farmacia online barata y fiable: comprar cialis online seguro – farmacias online baratas
sildenafilo cinfa precio: comprar viagra contrareembolso 48 horas – viagra online rГЎpida
farmacias online seguras: farmacia 24 horas – farmacias direct
cialis farmacia senza ricetta: viagra senza ricetta – kamagra senza ricetta in farmacia
farmacie online affidabili: Cialis generico prezzo – comprare farmaci online all’estero
acquisto farmaci con ricetta: Farmacia online piu conveniente – acquisto farmaci con ricetta
viagra generico in farmacia costo: viagra naturale in farmacia senza ricetta – le migliori pillole per l’erezione
farmaci senza ricetta elenco: Farmacia online migliore – Farmacia online piГ№ conveniente
farmaci senza ricetta elenco: farmacia online migliore – п»їFarmacia online migliore
furosemide 40 mg: lasix for sale – buy lasix online
lasix 20 mg: cheap lasix – lasix 40mg
canadian pharmacies online: Cheapest online pharmacy – my canadian pharmacy review
indian pharmacies safe: online Indian pharmacy – reputable indian online pharmacy