Дендиас денеска во посета на Скопје

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Северна Македонија. Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата на Дендиас.

Согласно агендата, по средбата со Османи, во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите.

Ова е трета посета на Дендиас на Северна Македонија, првата беше во ноември 2019 година, втората во август минатата година, а шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја посети Атина во јануари 2021.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *