Мицкоски на средба со Вархеји: Преговори со ЕУ веднаш и без дополнителни условувања

Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна, порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, кој престојува во посета на државава.

-На средбата претседателот Мицкоски истакна дека државата има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност, се наведува во соопштението од прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и Вархеји дискутирале и за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.

На средбата присуствувале и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *