Петровска: Армијата на дело покажува дека е способна и мотивирана

Армијата на Република Северна Македонија на дело покажа дека е способна и мотивирана и оти функционира според највисоките НАТО-стандарди, истакна денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22 на армискиот полигон Криволак.

– Ја видовме нашата НАТО-Армија. Видовме дека способностите на Армијата не се само реченица во говор, не се само зборови на хартија. Ова е голем успех на Армијата на која сум особено горда. Професионалноста и посветеноста на нашата Армија денеска доби уште еден печат. Нашиот Лесен пешадиски баталјон кој е оценет како борбено способен за извршување на својата мисија според најстрогите НАТО-стандарди, под мониторинг на искусни набљудувачи од НАТО-Алијансата. Осумдесет и пет проценти од домашните оценувачи се сертифицирани согласно највисоките стандарди на Алијансата што драстично го надминува НАТО-стандардот од 50 проценти сертифицирани домашни набљудувачи. Ова покажува дека Армијата постојано се развивала, ги гради своите капацитети, вложувала во своите професионалци, рече Петровска честитајќи им на припадниците на Лесниот пешадиски баталјон за извонредно завршената задача и на оценувачите кои предизвикале восхит кај главниот набљудувач од НАТО потполковникот Тино Колман.

Таа се заблагодари на сојузниците  од САД и Обединетото Кралство кои многу помогнале овој баталјон да се стекне со вакви перформанси и да добие вакви високи оценки.

Министерката Петровска појасни дека баталјонот е првата поголема единица која била оценувана според стандардите на НАТО по членството на нашата држава во Алијансата.

– Можеме да одиме со исправена глава затоа што покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО-цели на способности. Над 1.100 армиски припадници во периодот од 3 април до денеска изведоа 60-ина вежбовни активности и секој од нив беше успешно оценет. Покажаа дека се способни и подготвени за извршување на комплексни и борбени задачи на терен кој е уникатен, единствен во овој дел на Европа, нагласи министерката.

Петровска беше децидна дека Криволак е навистина исклучителен капацитет во кој вложуваме и време, и енергија и средства.

Според неа, припадниците на баталјонот уште еднаш докажаа дека ја заслужуваат довербата и дека може да ја претстават својата држава пред сојузниците во најдобро светло.

-Тие навистина ја оправдаа мојата доверба. Го потврдија и мислењето на сојузниците дека се вистински професионалци, прави воини. И не само тоа, ме задолжија мене како министер и Влада да продолжиме со инвестициите за развој на Армијата и нејзините капацитети. Веќе исполнивме. Над 30 проценти од одбранбениот буџет е наменет за инвестиции во одбраната и за модернизација. Тоа се средства за нашата Армија, средства за подобри услови во касарните, на нова и најсофистицирана опрема, средства за уште повеќе вежби и обуки. Нашите припадници тоа го заслужуваат, рече министерката за одбрана Петровска во своето обраќање.

Пред присутните се обрати и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

 

One thought on “Петровска: Армијата на дело покажува дека е способна и мотивирана

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *