СТРАТЕГИЈАТА НА КОРИНТСКАТА ЛИГА НА ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Така, Федералниот совет го одржа својот прв состанок на Коринт во раната пролет на 337 година. Дојде и часот Филип Македонски да ја спроведе и последната цел на својата македонска политика. Сега кога ги имаше античките грчки контингенти во своите раце, тој можеше јавно да ја обнароди својата долго чувана намера за војна со Персија.

Од голема важност беше тоа што Исократ во своето дело „Филип” го подготви јавното мислење на Античка Грција за панелинистичка национална војна под раководството на Филип Втори Македонски, кому му се овозможи да ја искористи оваа панелинистичка идеја, со цел да ги прикрие своите чисти антички македонски намери.

Филип Македонски се надеваше дека со војната ќе ги добие симпатиите дури и од оние Антички Грци што беа против него, во чии очи бараше морална поддршка на својот статус што го доби на Конгресот.
Тој ќе се здобиеше со значајна позиција, ако ги ослободеше античките Елини-Грци во Мала Азија од персискиот јарем, a co тоа ќе го поништеше првиот член од Кралскиот мир кој ја оптоваруваше Елада педесет години.

Вториот член од Кралскиот мир веќе го поништи по дипломатски пат, бидејќи според федералниот устав, сега беше Филип Македонски, а не Големиот крал, тој што им гарантираше слобода и автономија на античките грчки држави.

Но која беше причината тој да се залага за војна со Персија? Обичните и единствените антички грчки мотиви на Исократ беа некорисни, ниту пак Филип Македонски можеше да ги обнародува своите лични антички македонски планови за освојување.

Поумна идеја му се јави при најавувањето на војната како војна за реванш, како војна на одмазда за злосторите што еднаш беа извршени од Ксеркс врз храмовите на античките грчки богови. Оваа идеја беше истакната од Филип Македонски, а не од Исократ, како што се претпоставуваше, бидејќи тоа нему сосема му беше туѓо.

Го гледаме и се одушевуваме на нежното проникнување со кое Филип Македонски можеше да навлезе во античко грчкиот менталитет и колку остроумно ја зеде позицијата во свои раце како вистински Хераклид, издигнувајќи ја националната војна во религиозна војна на одмазда. Во исто време тој зацрта спиритуална паралела меѓу својата иницијативност и многуте години на војна со Персија.

Веројатно оваа митска паралела го окупира и на конгресот го припои сојузот кон „универзалниот мир”, бидејќи и при доаѓањето на Ксеркс сојузниците антички Грци склучија мир кој се однесуваше на целата земја.

Така Филип Македонски на првата седница на Советот предложи тој со античката македонска армија и со контингентите на античките грчки сојузи да води војна со Персија, за да се одмазди за злосторствата на Ксеркс во античките грчки свети места. Потоа претставниците гласаа за војна и му ја доверија на Филип Македонски врховната команда во војната со Персија со звањето командант со неограничена моќ.

По овие брилијантни успеси Филип Македонски се врати во античка Македонија. Наредната пролет (336) испрати преку Дарданелите извидница од десет илјади луѓе под команда на Парменион и Атал, за да се подготви и да ја искористи првата можност за ослободување на градовите во Мала Азија. Повеќе од тоа Филип не можеше да направи, бидејќи неколку месеци потоа беше убиен.

Она што Филип Втори Македонски го направи на Коринт претставува компромис меѓу античката македонска политика на моќ и панелинистичката програма на Исократ, компромис во кој античките македонски интереси најмногу дојдоа до израз. Во извесна мера желбите на Исократ се исполнија, но во форми што тој не ги предвиде, бидејќи тие се реализираа врз основа на целта на Филип, а тоа беше доминација над Античка Грција.

Во оценувањето на неговата дејност на Коринт, може да се рече дека доколку му се овозможеше, наместо да умре во четириесет и седмата година, да води успешна војна против Персија и да владее во неколкуте наредни децении, неговата реорганизација на Античка Грција ќе беше благородна и за античкиот грчки свет, а особено извршувањето на „универзалниот мир”, кој беше неопходен за напредокот на неговото античко Македонско царство.

Тоа значеше постепено создавање на услови за доминација на неговиот син Александар Македонски во светот, што беше сосема непознато за неговиот татко, кој со Коринтската лига ги измени условите на живот.
Каков силен впечаток Филип Македонски беше оставил на своите современици се гледа од зборовите на Теопомп, историчар кој во почетокот на своето дело „Филипика” го напиша следново: „Земено во целина, Европа никогаш немала маж како Филип Македонски , синот на Аминта”.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *