НЕГИРАЊЕ И МАЛТРЕТИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА

 

1bg1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Со тоа се потврдува стравот на Бугарите од признавање на историските факти за нацијата, јазикот, културата и сите други човекови и државни параметри нa Република Македонија, како и вистината за Македонците во Пиринска Македонија.

Меѓутоа, според пописот на населението во декември 1946 година, во Народна Република Бугарија од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија, 160.541 лице, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци. Изнесените факти ја потврдуваат вистината за Македонците во Бугарија, кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира. За жал, и за голем демократски срам, според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 година таму живеат само 1.654 Македонци, од нив: 561 се населени во Благоевградска област, а 1.163 се со мајчин македонски јазик, додека 1.091 се државјани на Република Македонија кои живеат во Бугарија.

Исто така, факт е дека за време на претседателствувањето на Георги Димитров, во 1947 година биле отворени македонски училишта, библиотеки, театар, биле создадени печатените медиуми, „Пирински весник” и Печатницата „Македонска книга”. Сето тоа било дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик, култура и иднина. Сите тие државни права за етничките Македонци после 11 години биле укинати, а установите затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта.и владетелите.

Во 1990 година, бил формиран нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име „Народна воља”. Весникот се подготвуваше и се печатеше во Благоевград (Горна Џумаја) на бугарски и на македонски јазик, а Георги Стоев Христов беше сопственик и главен и одговорен уредник на весникот “Народна воља“. Во исто време Георги Христов, до крајот на животот беше борец за македонските права и слободи во Пиринскиот дел на Македонија и пошироко во Бугарија.

За жал, бугарската влада одбива да го признае постоењето на македонското малцинство во Пиринска Македонија, заборавајќи дека по Втората светска војна во пиринскиот дел на Македонија биле отворени македонски училишта, книжарници, весници, а денес таа продолжува да ги крши основните човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО„Илинден“ – Пирин, политичка партија и организација за човекови права и ОМО „Илинден“, организација за човекови и малцински права биле малтретирани, тепани, казнувани, па дури и затворани, едноставно, за прогласување на својот македонски идентитет.

Меѓутоа, факт е дека во Пиринска Македонија, за време на културната автономија работеле 93 учители со повеќе од 35 илјади македонски деца, кои го изучувале македонскиот литературен јазик и ги развивале своите културни и национални традиции. Тогаш во пиринскиот дел на Македонија имало библиотеки исполнети со литература од македонски, бугарски и светски автори. Тогаш македонскиот народ ја имал таа среќа да ја почувствува магијата на пишаниот збор на својот мајчин македонски јазик. Во тој период, во овој дел на Бугарија имало и македонски театар, со цел Македонецот културно да се издигнува, заборавајќи ги мрачните фашистички години кои му нанеле и физичка и духовна болка.

За жал, по резолуцијата на Информбирото, настапил пресврт во бугарската политика во однос на тогашната Југославенска федерација, а во тие рамки и во однос на македонското прашање. Така, дошло до укинување на училиштата и другите институции на македонски јазик и до протерување на учителите и на другите културни работници во НР Македонија. Потоа, настапил период на фалсификување на сè што е македонско.

И денес, за жал, се вршат опструкции и негирање врз македонското население. Дали новите демократски процеси, со кои е зафатен Балканот, ќе ја изменат таа ситуација, останува да се види. Европската визија веќе го покажа својот интерес за постоењето на Македонците во Бугарија, за спроведување на одлуките за почитување на човековите права и слободи. Затоа, Македонците во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, која е членка на Европската унија, да не ги преименуваат во ништо друго, освен во Македонци, што, всушност, и се.

Причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Меѓутоа, вистината е друга не само со пописот, туку и со вистинското постоење на народот. Одредени држви во светот пробале да го откорнат домородното нселение, но неуспеали. Истото важи и за „европска’ Бугарија.

Стравот од малцинствата во Европскта Унија е надминат. Затоа и во  „новите“ единки, како што е Бугарија треба да се надминат состојбите во кои во минатото се „тргуваше“ со малцинствата во полза на националната „чистота“ на државите. За „чисти“ национални држави во Европскта Унија зборува само радикалната десница и неонацистите, кои, за жал можат и денес да се видат.

Почитувањето на малцинските права е демократски меѓународен стандард, кој треба да биде вграден во внатрешното уредување на секоја земја што се изјаснува за демократска, особено ако е и членка на Европскта Унија. Значи, на македонското малцинство во Бугарија му припаѓаат правата според стандардите на меѓународното право и Македонија како самостојна и демократска држава, едноставно не може и не сме да се откаже од тие права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија.

Меѓутоа, за голема жал и човеков страм, бугарската влада која признава замо бугарска националност одбива да признае постоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија  и воопшто во Бугарија и продолжува да ги крши основните човекови права, за разлика, на пример од.Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и бројни други земји во светот, во кои има преку стотина нации и етнички групи кои ги уживат сите човекови права и обврски.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *