БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ – ВЉУБЕНИК ВО МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Не случајно ангилсиот општестественик и државник Едвард Бојл рекол дека  “Борбата на Македонците претставува стремеж кон слобода на еден јасно оформен и свесен народ”. Тоа го натера Бошко Рајчовски-Пелистерски да ја носи Македонија во своето срце во втората негова татковина – Соединетите Американски Држави 

Тоа Бошко Рајчовски-Пелистерски го направи бидејќинеговата родна земја Македонија е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомната како земја на неколку места и во Библијата и многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја. Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и поновата историја, се фасцинирани од неа. Затоа се вели дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии, каде народот на своите плеќи почувствувал освојувања, империи, промени и бројни непријателски јареми.

Меѓутоа, таа ја задржала својата волшебност и своето име. Од времето на Александар Македонски, преку владеењето на Рим и Византија и преку големите миграции на Славјаните на југ, Македонија била раскрсница на различни цивилизации, култури, религии, јазици и народи. Во текот на овој долг и богат временски период, само два народа имаат право да се наречат дека се дел од идентитетот на земјата, а тоа се античките Македонци и Македонците денес.

Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на Реката Места, Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јанбланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западндите делови на планината Родопи. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри, од кои Република Македонија денес зафаќа  75.441 квадратни километри, егејски дел на Македонија зафаќа 34.153 и пиринскиот дел зафаќа 8.147 квадратни километри.

1is23

Taa е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала  малата покраина во непо­сред­на близина на Пела во Егејска Македонија – престолнина на Античкото македонско царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред с#, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење.

Македонија има географска положба која ја прави земјата да биде раскрсница помеѓу  Истокот и Западот. Поради тоа, не случајно, сите воени експедиции морале да минат преку неа, но и трговските врски, заедно со различните култури и влијанија. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија, која и денес се’ уште во себе крие многу тајни од минатото.

Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на Реката Места, Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јанбланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западндите делови на планината Родопи. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри, од кои Република Македонија денес зафаќа  75.441 квадратни километри, егејски дел на Македонија зафаќа 34.153 и пиринскиот дел зафаќа 8.147 квадратни километри.

Почнувајќи од IV век па наваму кристијанството преовладува како религија на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископални катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток до денес. Таков еден од објектите е островот “Голем Град” во Преспа, во крајот на Бошко Рај!овски-Пелистерски

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија беше земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизацијата. Меѓутоа, отоманските Турци го уназадија временското движење и затоа почна долга борба за опстанок. Така, во духот на ограбувањата на отоманските Турци, долго време ширената исламизација, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија, правејќи ја предворје каде што се вкрстуваа Запад со Исток.

Со таен договор помеѓу Бугарија и Србија Македонија беше детално поделена уште на 13 март 1912 година, седум месеци пред почнувањето на Првата балканска војна. Со овој договор Бугарија ја “резервира” источна Македонија и западниот дел на Македонија, јужно од линијата Велес-Охрид, а Србија Западна Македонија. Во тие денови бугарските и српските воени кругови сметаа дека “здружени Бугарија и Србија ќе можат сами со своите 600.000 војници да го решат македонското прашање”. Во тоа време Македонија беше “главната причина за искреното разбирање и братскиот живот на Србија и Бугарија”.

Ваквото “разбирање” на порано ослободените држави Србија и Бугарија започна во 1904 година кога беше склучен Српско-бугарскиот договор со кој беше извршена поделба на сфери на влијанија во Македонија. Тогаш започнува и засилено инфилтрирање на оружени српски и бугарски чети во Македонија, а првите чекори кон сојузништво се направија при крајот на 1911 година, кога во промеморијата беше поставено и прашањето за давање автономија на Македонија. Меѓутоа, во разговорите српскиот претставник категорички одби да дискутира за такво прашање и исклучиво бараше да се разговара за поделба на Македонија.

Така, со Првата балканска војна, покрај протерувањето на феудалното турско царство од Балканот, истиснувањето на Турција во нејзините природни граници и ослободувањето на “свои” територии, главна цел на владејачките кругови на четирите балкански сојузнички – Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција, беше да ја распарчат Македонија, намера што беше вешто испланирана многу порано.

Во оваа војна и Македонскиот народ даде виден придонес со своето активно учество во борбата против Турците, притоа давајќи голем број жртви. Но, наместо слобода од петвековното ропство, оваа и другите војни на Македонците им донесоа тројна поделба, угнетување, асимилација и денационализација. Има голем број документи и видни личности кои ја кажаа вистината за карактерот на Првата балканска војна и за судбината на еден народ, кој страдаше и се бореше само за да опстои на балканската ветрометина.

Македонија не беше единствена, меѓутоа, секако беше најголема жртва на политиката на хегемонизам на Балканот. После Балканските и Првата светска војна, македонскиот народ го снајде трагична судбина, да биде поделен меѓу трите балкански држави – Србија, Бугарија и Грција. Реакционерната буржоазија на балканските земји, пресметувајќи се околу поделбата на Македонија не се срамуваше од примената на најмрачните и најсвирепите средства за угнетување на македонскиот народ.

1is151

Балканските војни навистина беа војни против феудална Турција за ослободување на делови од Србија од турско ропство, за искоренување на феудализмот од балканското тло, но таа беше и војна во која балканските монархии, водени истовремено и од своите завојувачки цели, се договорија да ја поделат Македонија, на крајот да се поколат меѓу себе околу пленот, вовлекувајќи го народот во крвопролевање.

Големосрпските хегемонисти и тирани му зададоа на македонскиот народ безброј рани: ја загушуваа неговата националност, неговиот јазик, неговото творештво. Слободна Србија нема да ги жали своите сили да му помогне на македонскиот народ да ја обезбеди својата слобода, своето творештво и својата федерална држава во федеративна Југославија.

Ако Првата балканска војна имаше, покрај другото, ослободувачки карактер за четирите членки на Балканскиот сојуз, за македонскиот народ таа имаше спротивно значење. Таа беше типично империјалистичка и имаше катастрофални последици за Македонија и за македонскиот народ. Затоа, создавањето на  Република Македонија не е во историски конти­нуи­тет со балканските војни, туку е резултат на Народноослободи­телната војна и Социјалистичката револуција на југословенските народи, предво­дени од КПЈ, кога благодетите на слободата ги почувствува и измачениот македонски народ, но, за жал, не во сите делови на Македонија.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *