ПАТУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ДО ИНДИЈА

ПАТУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПО ВОДА

Со освојувањето на Гедросија, целото Александрово потчинување на Азија било комплетирано. Веќе било почеток на декември 325 година пред Христа, и Александар повторно бил во движење, упатувајќи се на запад кон Карманија /Carmania/ каде претходно се договорил да се сретне со Кратер.

Пред неговото заминување војската била поделена, а Кратер бил испратен да оди за Карманија преку друга маршрута каде очекувал да се сретне со главната војска. Кратер тргнал по северниот пат, преку преминот Болан (Bolan Pass), и свртел западно покрај Кандахар (Александрија во Аракозиа) /Alexandria in Arachosia/, каде се борел пред да сврти за Карманија.

Овде, копнените војски повторно се споиле и се снабдиле со животни и намирници од локалниот сатрап. Пред да замине, Александар организирал празнување во знак на благодарност за неговиот успех во Индија и што ја преминал пустината Гедросија. Тука, исто така, Александар ја примил веста дека флотата морала да замине еден месец порано отколку што било планирано, поради промената во однесувањето на индиското население, кое станало непријателски расположено по заминувањето на Александар.

Според извештаите, патувањето по вода веројатно било поуспешно отколку патувањето по копно, без загуба на екипажот, освен оние кои страдале од лошата храна и вода. Со исклучок на една незначителна престрелка, морнарите не се соочиле со никаков вооружен отпор.

Како Александровите, така и научниците на адмиралот Неарк никогаш не пропуштиле можност да спроведат научно проучување на локалната флора и фауна, како и да ги запишуваат обичаите на домородното население по должината на индискиот брег. Тоа било тука кога Македонците за првпат виделе китови.

Патувањето по вода, за жал, не било крстарење од задоволство и продолжената изложеност на опасностите од водата и недостатокот од соодветна исхрана, покосиле многумина. Кога конечно се истовариле на копно и се сретнале со своите другари, тие биле ослабени, запуштени и тешко препознатливи. Неарк и малкумина други први излегле пред флотата за да рапортираат за своето пристигнување.

Кога Александар се поздравил, дури и пред да разменат еден збор, бил обземен од очај и шокиран од здравствената состојбата во која се наоѓале. Мислејќи дека тие биле единствените преживеани од флотата, неконтролирано заплакал. Кога Александар конечно се прибрал и кога Неарк го информирал дека флотата е безбедна, Александар плачел уште повеќе, но сега од радост.

9111111111112

Дел од флотата на Александар

Затоа приредил славје со дарувања од благодарност за нејзиното безбедно враќање. Кратко време потоа, Неарк и се придружил на флотата во конечното патување за градот Сус. Хефестион бил испратен по јужниот пат за Персија за да снабди намирници, додека Александар, со лесно вооружни војници, тргнал по северниот пат кој водел директно во градот Пасаргада.

Било јануари 324 година пред Христа и тоа била втора Александрова посета на градот Пасаргада. Изминале повеќе од пет години откако последен пат го посетил градот, но на Александар тоа му изгледало како вечност. Последниот пат кога влегол во градот Пасаргада бил само македонски крал, но овојпат бил големиот крал кој ги надминал не само обичните смртници, туку и легендарните богови.

За жал, неговите постигнувања не можеле да го сочуваат мирот во неговото царство. Неговото продолжено отсуство оставало впечаток дека тој е или мртов, или нема да се врати. Мислејќи слично, многу од неговите персиски сатрапи станале бунтовни, напаѓајќи ги македонските гарнизони, пљачкајќи ги македонските замоци и, главно, малтретирајќи ги неговите поданици.

Александар сега се вратил и требало да ги казни оние кои се свртеле против него, со цел да ги исплаши другите за да не го сторат истото. Казнувајќи ги строго, се надевал дека ќе  ги предупреди останатите дека такво однесување нема да се толерира.

Во еден случај, егзекутирал еден сатрап заедно со неговите следбеници за узурпирање на титулата голем крал. Во друг случај, го мачел свештеникот одговорен за еден гроб кој бил опљачкан. Во Персопол, Александар наредил еден човек да биде обесен за узурпирање на сатрапијата (намесништвото) на претходно назначениот сатрап кој поради тоа умрел. Пеукест (Peucestas), Македонец кому не му пречеле персиските обичаи и кој го научил персискиот јазик, го заменил обесениот персиски сатрап.

Според Аријан /Arrian/, по неговото враќање во Персепол, Александар бил многу тажен откако видел какво уништување предизвикал кога бил таму последниот пат. Бил погоден и кога ја сфатил симболичната вредност на вековно старите згради и замоци што тој ги изгорел до темел, а сега засекогаш биле изгубени. Тој го сторил тоа поради градовите-држави, за да им се освети за злосторствата на Ксерксес.

Гледајќи ги руините и изгорените остатоци од она што некогаш било голема цивилизација и, сфаќајќи што сторил, го обзело чувство на големо каење. Градовите-држави сега биле само далечна мисла за која воопшто не се грижел, која сега воопшто веќе и не му значела. Во текот на последните години поминати во Азија, Александар сфатил дека има многу богати цивилизации, многу подалеку отколку што тој некогаш можел да замисли.

Идејата на градовите-држави дека Азија е населена со нецивилизирани и недостојни варвари била само еден тесноград концепт кој повеќе бил одраз на градовите-држави, отколку на Азијатите. Ефектите од неговите освојувања не го промениле карактерот на Александар, како што многумина тврделе. Она што се променило било неговото перцепирање на новите светови кои тој ги сфаќал и ги почитувал.

Во февруари 324 година пред Христа, Александар заминал од Персепол и отишол во градот Сус каде повторно се споил со Неарк и со флотата. Тука повторно морал да се справи со непокорните сатрапи. Александар го назначил Харпал, негов другар од детството, за благајник на Екбатана, во 330 година пред Христа. Харпал избегал со голем дел од  Александровото богатство и го потрошил за својот екстравагантен стил на живеење.

Додека престојувал во градот Сус, а тоа било во пролетта и летото во 324 година пред Христа, Александар ја поддржал идејата за мешани бракови. За да покаже дека бил искрен, ја оженил Статеира (Stateira), ќерката на Дариј. Убедил дел од своите офицери и војници да се оженат за туѓинки и ги наградил со подароци и чеиз.

9111111111113 Персепол

Овојпат, Александар, исто така, ги амнестирал сите прогонети (околу 20.000), освен оние кои биле криминалци, дозволувајќи им да се вратат во своите домови. На оваа наредба градовите-држави и се покориле со вознемиреност. Особено на Атина не и$ се допаѓала оваа наредба, бидејќи мнозинството од тие 20.000 биле политички прогонети и раселени лица од тој регион.

Во текот на летото 324 година пред Христа, Александар заминал од градот Сус и се упатил кон Екбатана. Голем дел од својата војска, на чело со Хефестион, ја пратил да напредува кон реката Тигар, додека тој и неговите лесно вооружени единици отпловиле по реката Еулеј (Eulaeus) кон Персискиот Залив.

Откако го разгледал пејзажот и задоволувајќи ја својата желба за пловење, Александар тргнал по реката Тигар и му се придружил на Хефестион во Опис (Opis). Пред да стаса во Опис, во близина на Вавилон, Александар решил да ги обелодени своите идни планови за реорганизација на својата војска.

Една од неговите цели, која станала коска на раздорот кај Македонците, повикувала на пензионирање на македонските ветерани за кои Александар сметал дека веќе не можат да се борат поради старост или поради истоштувачки рани. Неговата војска не ја примила веста убаво, особено не идејата да ги загуби своите почитувани ветерани. На Александар му се заканувала побуна. Намерите на Александар можеби биле благородни, но неговите луѓе не гледале така на тоа.

За некои изгледало дека Александар постепено ги исклучува конзервативните Македонци само за да ги замени со странци. Дотогаш, Александар неколкупати ја доградувал својата војска со странски регрути, главно, од Персија. Македонците се бореле со нив во минатото и не биле среќни што ги имаат во своите редови. На конзервативните Македонци им изгледало  дека Александар сакал Персијците да ги направи партнери и еднакви на нив, а тоа не им се допаѓало многу.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *