Во македонските заедници во Њујорк и во Њу Џерси постојат повеќе организации и друштва. Еден од нив што се формирал по Втората светска војна беше Националниот комитет за изградба на болница. Имено, во февруари 1946 година, на еден свечен банкет во Њујорк, Болничкиот иницијативен комитет на Македонците од САД, во неговата голема желба да помогне на својот народ и на новата македонска држава, покренал иницијатива за изградба на болница во Скопје Во летото 1946 година се одржала конференција од претставници на македонските организации од САД и Канада, како и делегати од повеќе македонски друштва, селски и црковно-спомагателни братства. Бил избран Национален комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на тогашна Народна Република Македонија, Скопје. Со средствата на македонските доселеници од САД, Канада и Австралија бил изграден и опремен болничкиот комплекс во рамките на Државната болница во Скопје и на 8 јули 1958 година бил свечено пуштен во употреба. Според зборовите на господинот Томов, во овој Комитет еден од најактивните членови бил неговиот пријател д-р Живко Ангелушев. Исто така, овој истакнат Македонец бил и претседател на Комитетот на акцијата на македонските иселеници во САД за помош на Скопје по катастрофалниот земјотрес во јули 1963 година. Помошта на иселениците е вградена во новите објекти кои денес го красот градот на Георги Томов. Исто така, според зборовите на Томов, фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” бил еден од најстарите и најдобрите македонски фудбалски клубови, кој работел надвор од црковната општина. Тој бил формиран во 1972 година од група фудбалски ентузијасти. Овој фудбалски клуб имал постигнато најдобри резултати во првенството и во купот на Њу Џерси. Клубот имал свои простории, каде се собирало бројно македонско иселеништво. Тој бил еден од најважните македонски центри во Њу Џерси.
Од настапот во Сан Диего Фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” бил организатор на фудбалскиот турнир што се одржувал секоја година во август и на кој учествувале десетина македонски фудбалски екипи. Исто така, членовите на клубот биле постојани организатори на новогодишните и други празнувања, потоа учесници на бројни протести и манифестации, како и донатори на поединечни активности и на македонските православни цркви. Георги Томов соработувал со сите друштва и други асоцијации во Њу Џерси и Њујорк. Меѓу нив посебно место заземаат медиумите. Така, тој беше поддржувач на гласилото “Македонски месечник”. Инаку, Македонската заедница во Њу Џерси го издавала “Македонскиот месечник”, на 14 страници, мал формат, посветен на актуелните проблеми на Македонците во регионот, со посебна нагласка на младинската организација од Њу Џерси, затоа се смета за прв младински весник на тие простори. Иницијатор и реализатор на весникот била Македонската младинска организација, која со негово издавање започнала во 1999 година. Во овој месечник се објавени бројни текстови за Георги Томов. Исто така, Георги Томов, имал плодна соработка со “Македонски глас”, македонски неделен весник во САД и Канада. Тој излегол за прв пат на 5 ноември 2004 година. Весникот се печател неделно во Њу Џерси и претставувал многу сериозен и единствен месечен весник на Македонците во САД и Канада. Георги Томов имал добра и плодна соработка и претставувал дел од Движење за македонски човекови права. Оваа асоцијација е во рамките на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув. Поводот за организирање на движењето беше поврзан со навршувањето на 75 години во 1988 година, од потпишувањето на Букурешкиот договор. На тој ден беше организиран протестен митинг пред Обединетите нации во Њујорк, како и академија на која беа поканети гости од политичкиот и општествениот живот од Република Македонија. Инаку, почетоците на Движењето за македонски човекови права датираат од Велигден 1988 година, кога беше организиран состанок и членовите решија да испратат писмо до македонските доселеници. Потоа на 28 март 1990 година во манастирот “Св. Ѓорѓи” се собраа околу 200 души и донесоа одлука за регистрирањето и понатамошната работа на Движењето. За прв претседател беше избран Георги Томов, кој ја доби и членската карта бр. 1 како заслужен граѓанин во Македонската заедница во Њујорк и Њу Џерси. Според Статутот на “Движењето за македонски човекови права” за Северно-источна Америка (како што е регистрирано), главна цел била да ги оствари правата и демократските човекови слободи на сите Македонци, особено во Бугарија, Грција и Албанија. Тоа работело во соработка со сите МПЦ, друштва и асоцијации во Њујорк и Њу Џерси. Оваа патриотско-хуманитарна организација, под раководство на Георги Томов и на други активни членови имал преземено бројни активности од различен карактер. Една од активностите се демонстрациите пред Конзуларното преставништво на Грција во Њујорк на 14 март 1992 година. Тоа бил протест против Владата на Република Грција за нејзината антимакедонска кампања во однос признавањето на Република Македонија како демократска, независна и суверена држава, како и против геноцидот што се врши врз Македонците во егејскиот дел на Македонија. Еден од најзначајните собири на ова Движење бил оној пред ООН во Њујорк на 08.08.1998 година кога се собрале повеќе стотини Македонци од САД и Канада. Протестот се одржал по повод 85-годишнината од поделбата на Македонија со Букурешкиот договор. Во Декларацијата што била предадена во ОН во Њујорк, меѓу другото, се вели дека се бара од ООН да го воспостави уставното именување на Република Македонија, согласно универзалната Декларација за правата и слободите на човекот. Исто така, според Комисијата за заштита на малцинствата, да им се овозможи уживање на основните човекови права и слободи на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција. Во оваа насока, придонесот на Георги Томов за зачувување на основните човечки права и слободи бил огромен. Тој тоа го покажал и докажал како човек хуманист кој не се бори само за правата на Македонците, туку тој е поборник за правата и подобрата иднина на сите луѓе во светот. За активностите во македонската комуна во Њујорк и Њу Џерси, во кои Георги Томов беше нераскинлив дел и даде голем придонес, пишуваше и иселеникот Ламбе Мартиновски од Њу Џерси. Во својот текст под наслов “Највесела Гоцева вечер 97 во Гарфилд” објавен весникот “Вечер” од Скопје во бројот од 4 април 1997 година се вели: „По повод 125-годишнината од раѓањето и 94 години од смртта на легендарниот Гоце Делчев, Апостолот на душата на Македонската револуционерна организација, кој се бореше за независноста и самостојноста на Македонија, а во организација на Мацедониан Хјуман Рајтс Мувмент – ја организира највеселата Гоцева вечер 97 во местото Гарфелд, Њујорк, САД. Прославата се оддржа во прекрасната Руска црква на 15 март. Беше презентирана најбогата културно-забавна програма, што ја воодушеви многубројната публика, којашто ја поздрави претседателот на Организацијата Хјуман Рајтс г. Наум Наумоски. По интонирањето на американската и македонската химна, се прочита реферат за македонскиот великан, идеолог и Илинденец Гоце Делчев, што го подготви Ѓорѓи Кондовски, потпретседател на МПЦ “Свети Кирил и Методиј” од Сидер Гроф – Њујорк. Беа изведени два рецитала, едниот од учениците на семакедонското училиште со рециталот под наслов “Бојот започна горе Крушево на Мечкин Камен”, а во вториот во изведба на возрасни активисти: Вера Шврговска, Танка Дуклеска, Коље Дуклески, Душко Будимоски и Славко Горгоски. Потоа настапија две фолклорни групи, и тоа од МПЦ “Св. Кирил и Методиј” и “Македонка” од МПЦ “Свети Никола” од Њу Џерси со сплет од народни ора од егејскиот, пиринскиот дел и од Република Македонија. Играорците беа облечени во такви носии кои во овие краишта се носеле пред неколку векови. Кореографи на овој убав македонски фолклор беа господата Ѓорѓи Томов и Славко Горгоски. Оваа вечер ги обедини Македонците од овие краишта и ја сплоти нивната работа и соработка. Откако заврши културно-уметничкиот дел на програмата, започна општата веселба со музичките такти на групата “Легенда” која успеа да ги дигне на нозе сите присутни лица. Значајно е да се спомне, дека на оваа Гоцева вечер се собра доброволен прилог, како хуманитарна помош за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, но и за оние во Мала Преспа, во Албанија. Оваа веселба траеше до раните утрински часови. Да не се заборави и прославата на роденденот на оваа веселба: г. Георги Томов, кореограф, го прослави својот 65 роденден со голем број букети цвеќе и многу роденденски честитки од присутните гости. Му беше посакано тој и натаму да го води ФД “Гоце Делчев” и се разбира – да живее уште многу години, зашто по негова заслуга ова друштво стана познато и годинава е покането од Матицата на иселениците од Македонија. На крајот, да кажеме, дека ова Гоцева вечер ќе остане долго да се памети и да се спомнува за неа како добра о мошне успешна манифестација, што се оддржа во САД организирана од македонските иселеници, се вели во текстот на иселеникот Ламбе Мартиновски, кој во средствата за информирање во Македонија повремено известува за активностите на Македонците во САД. Инаку, Њујорк е познат и по тоа што македонското радио “Глас од татковината” опстојувало најдолго во САД, велеше Георги Томов. Тоа за првпат започнало да работи на 10 септември 1971 година и станало чувар на македонскиот јазик и афирматор на македонските ора и песни од сите делови на Македонија. Душата на овој радио час беше познатата водителка и долгогодишна пријателка на Томов и на авторот на овие редови Славе Катин, госпоѓата Вера Шврговска.. На програмата беа застапени вести од Македонија, од македонските колонии во Њујорк и Њу Џерси, реклами, поздрави и желби, репортажи, историски осврти и други материјали од областа на фолклорот и музичкото творештво. Исто така, Вера Шврговска беше првиот водител и уредник на Југословенската телевизиската програма на македонски јазик која започна во Њујорк во 1975 година и се емитуваше еднаш неделно. На телевизиската и радио програмите на госпоѓа Вера Шврговска повеќе пати беше застапен Георги Томов. Посебна емисијата на радио програмата што Вера Шврговска ја емитуваше беше посветена на 70-тиот роденден на Георги Томов. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |
But, he said, over the past couple of years, that question has been reopened in a major way buy priligy 30mg Why Aren t Hearing Conservation Practices Taught in Schools