Поранешниот претседател Иванов учествуваше на Еко-климатски самит во Анкара

Повеќето истражувачи, научници и филозофи се согласни со фактот дека, ако не преземеме нешто веднаш, ќе има уште повеќе суши, глад, раселени лица, а тоа ќе предизвика уште повеќе конфликти во наредните децении, истакна поранешниот претседател Ѓорге Иванов учествуваше на Еко-климатски самит кој се одржа во Анкара во периодот 30 и 31 март 2022 година со фокус на промените кои влијаат на природата и економиите.

Како што информираат од кабинетот на Иванов, настанот го организиараше Стопанската комора на Анкара со цел да се крене вниманието за постигнување на заеднички стратегии за борба против климатските промени како една од најголемите закани со која се соочува светот и човештвото. На самитот учествуваа поранешни претседатели и премиери, министри, политичари, амбасадори, претставници на меѓународни организации, претставници на стопански комори, професори, бизнисмени и др.

-Веќе три децении светските лидери одржуваат самити за климатски промени за да видат што можат да направат во врска со овие проблеми. Владите преземаат обврски, се обидуваат да одговорат на климатските промени. Но, покрај обврските на властите, постојат обврски и за сите поединци и дека секој поединец треба да тргне од себе. Треба да се надеваме дека сеуште имаме време да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени. Во овој момент најнеопходно ни е да имаме доволно мудрост и волја барем да ги запреме штетните последици и да не продолжуваме да се движиме кон пропаст на нашата планета и на нашата цивилизација, потенцираше Иванов, стои во соопштението.

Во текот на посетата поранешниот претседател Иванов остварил средби со градоначалникот на Анкара, со претседателите на Унијата на турските комори и стокови берзи – ТОББ, на Турската агенција за соработка и развој – ТИКА, на Стопанската комора на Анкара , како и со поранешни шефови на држави и други учесници на самитот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *