Османи во посета на Норвешка

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во посета на Осло, на покана на норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хјуитфелд.

Како што соопшти МНР, за време на посетата, Османи ќе се сретне и со претседателката на Комисијата за надворешна политика и одбрана во норвешкиот Парламент, Ине Ериксен Сораиде, а ќе учество и на промоција на трговската комора меѓу Северна Македонија и Норвешка.

– Целта на посетата е унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, развојот на бизнис секторот и разгледување на можностите за инвестиции од оваа скандинавска земја. Во рамките на состаноците се очекува да се  разменат мислења и за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент во контекст на актуелниот геополитички моментум, со фокус на сојузништвото во НАТО и соработката на двете земји во Алијансата, се наведува во соопштението. 

Во рамките на посетата, Османи ќе се сретне и со претставници на нашата дијаспора во Норвешка, додаваат од МНР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *