Неделков: СОНК донесе одлука за генерален штрајк во детските градинки, основните и средните училишта од 11 април

Советот на СОНК на денешната седница донесе одлуката за стапување на дејностите од СОНК во генерален штрајк којшто ќе започне на 11 април. До кога ќе трае, ќе зависи од преговорите со надлежните министерства, веројатно и со делот од владините претставници или ќе трае дотогаш додека не се договориме, истакна денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој, во гостувањето на вестите на ТВ Сител, по денешната седница на СОНК рече дека расправале за резултатите во однос на изјаснувањето на нивното членство за поддршка на организирање на генерален штрајк.

– Можам да соопштам на јавноста дека се добиени записници од 90 проценти од синдикалните организации од севкупно некаде околу 600 синдикални организации и над 98 проценти се „за“ организирање на генерален штрјак. Безмалку сите записници што се пристигнати се за организирање на генерален штрајк во детските градинки, основните и средните училишта. Дополнително ќе имаме констултации за установите од дејноста култура и дејноста високо образование и наука како и ученички студентски домови, истакна Неделков.

Тој повтори дека нивните барања се за зголемување на платите во образовниот сектор.

– Моментално наставниците, ако зборуваме за наставници иако во дејноста образование има и други работни места и не се работи само за профилот на наставници, меѓутоа еве во основното образование платите на наставниците се 24.800 денари, во средното образование 25.700 денари. Тоа се далеку под просечната плата. Така да, тоа се едни параметри што укажуваат дека нашите барања се оправдани, особено од аспект на трендот на зголемување на минималната плата на национално ниво коешто не се следи процентуално за зголемување на платите на сите работни места, нагласи Неделков, коментирајќи го барањето за зголемување на платите за 18,5 проценти.

Околу тоа дали Владата ги прифаќа нивните барања, Неделков рече дека простор за преговори и разговорои има, меѓутоа, како што појасни, во вакви услови во ваква енергетската и воената криза во светот, во Европа и земјава дека многу тешко е да се изнајдат дополнителни средства за обезбедување за зголемување на платите.

– Секако ние разбираме дека навистина има светска економска криза, кризата и во Македонија се прелеа, меѓутоа треба да се сфати, да сфатат и претставниците на Владата дека таа криза не е само за Владата, него кризата е и за народот и за работниците во нашите дејности што ги претставуваме. Така да, од аспект на зголемување на цени, од аспект на реална инфалција што ја имаме сега со нашите плати што ги имаме, можеме многу помалку да купиме во однос на она што сме можеле пред неколку месеци. Заради таа причина апсолутно тврдиме дека се оправдани нашите барања и бараме соодветно зголемување врз основа на порастот на минималната плата, потенцираше Неделков.

Претседателот на СОНК појасни дека платите би требало да се зголемат до околу 30.000 денари.

– Го бараме тоа за да се задржи она природно растојание на различни сложеност на работни места коишто се различно и вреднувани. Сега имаме во моментот земање на иста плата. Десет работни места, десет работни групи во градинките зимаат иста плата 18.000, тоа е социјална категорија, меѓутоа и самите вработени внатре од таа социјална категорија не се задоволни зошто зимаат иста плата. Дополнително во основното образование имаме пет работни групи, во средното четири работни групи коишто се спојуваат со плати, а имаат различна сложеност на работа. Ова е системски проблем, системско решение мора да се најде еднаш засекогаш да се надмине ова ниво, да не доаѓа секогаш кога имаме зголемување на минималната плата турбуленции и еве протести и штрајкови, рече Неделков.

Тој рече дека барањето за зголемување со однесува за мартовската плата што треба да се земе во април.

– Мене ми е жал што помина повеќе од месец дена, месец ипол од кога на ЕСС кога се носеше висината на минималната плата, кога побаравме не само да се донесе минимална плата, него да се договори и динамика на усогласување на минималната плата со другите плати. Тоа е впрочем и законско решение коешто согласно Законот за минимална плата се бара, меѓутоа останаа надлежните глуви на нашето барање, истакна претседателот на СОНК.

Околу утрешниот протест на КСС, Неделков рече дека ќе присуствуваат и ќе дадат поддршка затоа што барањата се идентични на нивните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *