КАСАТКИНА ЈА ЕЛИМИНИРАШЕ ВОЗНИЈАЦКИ

Руската тенисерка Дарија Касаткина го направи најголемото изненадување на Индијан Велс, откако во осминафиналето ја елиминираше данската тенисерка, Каролина Вознијацки.

Вознијацки по втор пат за само еден месец губи од истата тенисерка. Првиот пат тоа беше на турнирот во Сакт Петерсбург, но овојпат поразот беше уште поубедлив, 0-2 во сетови, по гемови 4-6, 5-7.

Следна противничка на Касаткина во четвртфиналето ќе биде Анџелика Кербер, а во оваа фаза уште се пласираа и Симона Халеп, Венус Вилијамс и Карлона Плишкова.

Во машка конкуренција, пласман во четвртфиналето изборија Фелисијано Лопез, Квери, Раониќ, Дел Порто и Багдатис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *