Пет руски дипломати прогласени за персона нон грата

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопшти МНР.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *