ДЕЛОТО „ЈАНОВСКИ“ – ПРВА ДВОЈАЗИЧНА МОНОГРАФИЈА ЗА МАКЕДОНЦИ ОД КАНАДА

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Втората монографија на македонски и на англиски јазик Славе Катин му ја посветува на „Семејството Ја­нов­ци“, од село Велушина, Битолско, иселено во Канада, сопственици на успешна фирма во Торонто. Монографија за семејството Јановски  е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002 година, на 226 страници, на македонски и англиски јазик. Тоа е финансирано од семејството Јановски, а рецензити на ова значајно дело се: Алексо Јановски од Битола и протаставрофор Јован Босеовски, пријател на семејството Јановски и свештеник во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Монографското дело е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарата (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивните потомци). Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават сопствените корени.

Извори на податоците за книгата се браќата Петре, Марко и Васил, нивните роднини и пријатели. Целта на авторот Славе Катин е оваа книга кога ќе дојде во рацете на идните канадски потомци на Јановци, да го поттикне нивниот интерес за племето стројни и горди Македонци растурени по светот. Можеби таа ќе ги мотивира и ќе ги стимулира тие да дојдат во Македонија, да застанат за миг пред портите на убавите куќи на нивните предци во Велушина, но и да се подразмислат за вистинското значење на една порака на старите Римјани: „Каде што ми е убаво, таму ми е татковината“.

Инаку, по повод празникот посветен на македонскиот просветител и патрон на македонската православна црква „Св. Климент Охридски“, а во организација на Соборниот македонски храм што го носи неговото име и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ (чиј член е и Катин), на 8 де­­кември 2002 година, во Торонто, Канада, се одржа значајна кул­тур­на семакедонска манифестација.

Во големата сала на храмот, а во при­суство на неколку стотини членови на македонските православни црковни општини, на бројни македонски друштва и асоцијации, биз­нис­ме­ни, ма­ке­донски дипломати и видни граѓани на културната јавност од ме­­тро­полата Торонто, беше претставено творештвото на хроничарот на ма­кедонското иселеништво, Славе Николовски Катин. Тогаш беше про­мо­­вирано неговото најново двојазично дело (на македонски и на англиски), моно­гра­фијата „Семејство Јановци“.

За Монографијата, пак, на доблесното македонско семејство на Петар, Марко и Васил Јановски, кое е познато и признато во македонската комуна во Торонто, а чии корени се од селото Велушина, Битолско, збо­ру­ваше протаставрофорот Јован Босеовски, свештеник од црквата „Св. Климент Охридски“.

Тоа е дело кое ќе предизвика поттик кај голем број македонски исе­ле­ници, особено кај помладите генерации, да не ги заборават де­дов­ски­­те корени во стариот крај – во Македонија. Напротив, тие треба да би­­дат мост на зближување, разбирање и соработка на нашата нова тат­ко­­вина Канада и на земјата на нашите претци – Македонија, како што е слу­чајот со семејството Јановски, нагласил свештеникот Јован Босеовски.

За делото „Семејството Јановски“ зборуваше и  поетот Алексо Лозановски, истакнат исе­ле­ник од Преспа. Во своето обраќање, тој рече дека монографијата „Ја­нов­ски“ е ретко дело од ваков вид и затоа претставува значаен при­лог за македонското иселеништво. Ова дело на Славе Катин, е документ за сите генерации на се­меј­ството Јановски.

Монографијата е трајно сведоштво за семејството Јановски и пре­красна слика за овие на­ши луѓе-Македонци, кои напуштајќи ја својата татко­ви­­на Македонија поради економските проб­леми со кои се судруваше земјата, во периодот на нејзината изградба и об­нова, заминаа во непознатиот свет за да се потврдат и афирмираат како способни и успешни Македонци, на кои нив­ната Татковина е горда. Исто така, со пригодни зборови на присутните им се обрати и Ѕвонко Му­цунски, вршител на должноста амбасадор на Република Ма­кедонија во Канада, кој дојде специјално за промоцијата на монографијата.

Монографијата „Јановски“, предизвика голем интерест и во Велушина, Битола и во многу места ширум Република Македонија. Затоа, на 7 август 2003 година во селото Велушина се одржа промоција на публикацијата за семејството Јановци, кои оставиле убави спомени за соселаните да се сеќаваат на ова македонско семејтво за на век.

За монографија зборуваа Ѓорѓи Лумбуровски, пртседател на Научното друштво во Битола и д-р Димитар Керамичиев, пртседател на Матицата на иселениците од Македонија. Во дворот на селското училиште, а пред голем број присутни, гости и членови на семејството Јановски промоторите ја истакнаа важноста на ова монографија која ќе остане како мост на зближување и соработка меѓу Канада и Република Македонија.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *