Општина Штип обезбеди бесплатен престој во градинките за децата на самохрани родители

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со двете директорки на детските градинки „Вера Циривири –Трена“ и „Астибо“ денеска ја промовираа новата мерка, со која бесплатно им се овозможува престој на децата на самохрани родители во градинките.

– „Зборот е збор! Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во Општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип, „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможуваат на 52 дечиња на самохрани родители коишто ги посетуваат моментално овие две градинки да имаат бесплатен престој, рече Бочварски.

Тој истакна дека за оваа мерка има потпишано договор и со двете градинки. Со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2018 година од Советот на Општина Штип се одобрени вкупно 1.080.000 денари, од кои само за оваа намена Општината за претстојниот период до крајот на годинава ќе обезбеди 351.000 денари.

Во Штип во двете детски градинки се згрижени над 1.400 деца од предшколска возраст, а на листата на чекање се над 200 деца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *