Писмена реакција за ставот на Прокопис Павлопулос

Почитувани,

Во врска со ставот на Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, кој после средбата со својот Португалски колега Марсело Ребело де Соуза во Атина изјави дека спорот за името може да се реши ако прво се промени Уставот, па потоа се потпише договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Како одминува времето така официјалните претставници на Атина ги зголемуваат уцените и своите целосно непромислени барања. Малку им е што бараат ново име и идентитет, па уште го подигнуваат прагот и бараат прво да се промени Македонскиот Устав па после да се потпише нова билатерална спогодба. Тешко лицемерие е Павлопулос да се повикува на меѓународното право и Европското законодавство. Тој е Претседател на осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг за прекршување на Времената Спогодба која ја потпишаа со Македонија и се обврзаа дека нема да
ги попречуваат нашите Евроатлански интеграции.

Ние се согласуваме во едно со Павлопулос, дека историјата мора да се почитува! Факт е дека Македонија постоела со сите обележја на Држава многу векови наназад но Грчките националисти се плашат тоа да го признаат! Впрочем, ако Македонија од секогаш била Грчка, како што тие тврдат, зошто тогаш нивната асимилаторска власт после 1913 и Букурешкиот Договор насилно ги смени сите топоними во присвоената Егејска Македонија?

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира повикот за национално Македонско
помирување заради заштита на интересите на Македонскиот народ. Лидерите на Македонските политички партии мора да преземат конкретни дејствија каде без калкулации ќе се стават во одбрана на националниот идентитет. Јасно е дека предлогот на Коsијас кој ќе го донесе следната недела ќе биде контра Македонските национални интереси. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава. Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја
цена.

Сега е моментот да се одважиме и да ги прекинеме преговорите! Доста е од конструктивност и сервилност кои и во минатото и сега не ни донеле никаков ефект, освен нови и се поголеми понижувања.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *