ИСЕЛЕНИЧКИ ХОРИЗОНТИ КОН БРОЈНИТЕ ПАТУВАЊАТА НИЗ СВЕТОТ

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата„Македонски холокауст“е дело на  НИО „Студентски збор“ од Скопје, отпечатено во  1990 година, на 236 страници, на македонски јазик, чии рецензенти се: Живко Василевски и Христо Андоновски, а корицата ја дизајнирал академскиот сликар Ѓорѓи Даневски. Таа претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, коишто со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Маке­дон­ска­­та голгота во делата на Славе Катин е осве-тлена од сите аспекти: исто­риските околности кои довеле до нејзината појава, динамиката со која се развивала, структурите на населението кои се нашле под нејзин удар, динамиката на нивното интегрирање во новите средини, негувањето на културните традиции, комуникациите со татковината Маке-донија, економската кон­со­лидација и нивното афирмирање како значаен етнички фактор во др­жа­ви­те во кои се доселиле и останале да живеат.

Така, делото „Македонски холокауст“ непосредно и аргу-ментирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Во секој презентиран текст читателот го чувствува присуството „на последното целивание“ на Македонецот со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на починатите, што завршува со солзи на очите.

Никој од насилно отселените од родниот праг не верувал ниту, пак, ќе поверува дека латинската поговорка: „Ibi bene ibi patria“ (Таму каде што ти е убаво, таму ти е и татковината) претставува вистина. Затоа и за навек вака ќе се одгласуваат како вистина испеаните песни: „Бог да бие кој прв спомна Америка“, „Туѓината пуста да остане“ и други македонски песни.

Оваа публикација и во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ќе претставува значајна и своевидна документација за одбрана на националното битие на Македонецот или аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, културната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

На промоцијата на првото дело на Славе Катин „Македонски холокауст“,  во Клубот на новинарите на Ма­ке­донија, Живко Василевски, претседател на Културно-про­свет­ниот со­бор на Собранието на Република Македонија, а потоа и прет­се­да­­тел на Матицата на иселениците од Македонија, истакнал дека во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ова дело на Катин ќе претставува значајна и своевидна документација за одбраната на националното битие на Македонецот, но и аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, кул­тур­ната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

Во ова дело Славе Катин ги дава сведоштвата за Лерин, Желево, Габреш, К’басница, Воден, за Љубојно, Брај­чино, Велгошти, Вевчани, за Мелник, Петрич и Сандански, за Мала Преспа и преселбите и разделбите на Македонците и за нивниот не­пребол кон родната грутка. Во фокусот на неговото внимание се исе­ле­ниците, кои се потврдуваат како мошне значаен фактор во борбата на Македонецот за својата национална легитимација“.

Во рамките на овие и вакви ангажирања на аспирантите за вла­деење со Балканот, станува сосема разбирлива и вистината за една тре­ти­на од отселените Македонци од својата родна грутка во преку­мор­ските земји. Оваа судбина е карактеристична и за народот од Израел и за Ерменците. Во „Македонскиот холокауст“ Славе Катин непосредно и аргу­мен­тирано ги прикажува животните судбини на Македонците.

Ова дело на Катин прет­ста­­вува илустративен пример за современиот миг на македонскиот држа­вен и политички однос кон нашите иселеници и нивните културни, црков­ни и спортски друштва, клубови и други асоцијации. Однос што отвора нови можности, содржини и перспективи за градење поблиски односи и врски со македонското иселеништво, по примерот на Италија, Грција, Полска, Германија, Хр­ватска и други земји. Колку ќе се успее во тоа, ќе покаже иднината.

Во оваа публикација е забележано дека Грција, за жал, е земјата од каде што, потекнува зборот “демократија”.  Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конечно, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре на еден Господов народ .

Меѓутоа, Грција ја користи позицијата дека е мезениче на  Англија  и САД и продолжува да блокира, бидејќи  е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава,  имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзна е на Грција, а и на Бугарија, да ја прифатат европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *