Вицепремиерот Битиќи во Црна Гора на средба со потпретседателот на Владата, Абазовиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе престојува во Црна Гора, каде ќе има средби со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ.
Битиќи, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива“.
За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан“, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива“, како и на панелот на кој ќе се дискутира пост-пандемската иднина во Европа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *