Партиите од владината коалиција го потврдија стабилното парламентарното мнозинство

Премиерот Зоран Заев денеска одржа средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот, кои и изразија поддршка на Владата, соопшти владината Прес-служба.

– Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот, се наведува во соопштението, во кое се додава дека на средбата биле сите партнери од парламентарното мнозинство.

Во соопштението се нагласува дека заеднички е констатирано дека на Северна Македонија и на граѓаните не им се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

– Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување, се додава во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *