КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА?

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етрурците уште на крајот од вториот милениум пред Христа. Потврдено е дека Венетите во тоа време постоеле не само по текот на реката Дунав, туку и по текот на реките Морава, Тимок и Вардар (69). Всушност, етимологијата на неколку топоними во регионот упатуваат директно на нив.

Тие им се придружуваат на многуте други именувани според нив. Пронајдени непроменливи по должината на водените патишта на античкиот свет, тие се протегаат почнувајќи најдалеку од Ванес (Vannes) на Атлантикот до Банасак (Banassac) на реката Лот и Венеција на Јадранот. Ги наоѓаме и во долниот тек на реката Тиса во Банат, надолу по реката Морава до речните брегови на северна Тракија каде Херодот ги регистрирал во V век пред Христа (I, 56 196).” (Стр. 85-87, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан).

Мораме на Васил Иљов и на Антони Амброжич да им дадеме целосна доверба за фантастичната работа што ја направиле со преведувањето на многу предисториски натписи најдени во Македонија и низ цела Европа. Додека Иљов се сконцентрирал во долниот Балкан, делото на Амброжич опфаќа преводи од натписи најдени во Турција, Србија, Бугарија, Словенија, Италија и Франција, но за жал, не и во Македонија. Под Македонија, го подразбирам делот од Македонија под грчка окупација. “Јас, (Амброжич) се обидував да пронајдам негрчки записи, односно архиви, пред елинското доба, од Македонија. За жал, досега неуспешно.” (Стр. ii, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан). Се прашувам зошто е тоа така?

Македонија, слободното племенско кралство кое се претворило во супер-сила за само неколку века и го совладало целиот познат свет за само неколку декади нема, според современите Грци, свое минато. Наспроти илјадниците предисториски реликвии и десетиците илјади натписи пронајдени и преведени во Република Македонија во последнава декада, “нема нехеленски предисториски натписи пронајдено во Грција”.

Ако треба да им веруваме на грчките извори, тогаш, претпоставувамe, исто така, треба да и’ веруваме на грчката пропаганда дека Македонците немале азбука, ниту способност да пишуваат, па дури немале ниту јазик и дека тие “се” научиле од античките градови-држави. Претпоставуваме дека старите Македонци “мумлале” пред да ги запознаат и пред да научат се’ од античките градови-држави.

1kare123

Македонското Сонце

Сега, кога доказите против нив се натрупуваат, кои со времето несомнено ќе ги разоткријат сите грчки историски фабрикати, се прашуваме какви објаснувања ќе имаат Грците за ова лошо морално однесување? Како ќе се објаснат самите себеси пред светот и пред својот сопствен народ од кого ја криеле вистината и кого го лажеле толку многу години?

Има уште еден дел од предисториските докази што би сакале да го претставиме пред да продолжиме со главната презентација. Се вели дека пред околу педесет илјади  години Европа била покриена со ледена прекривка, односно со мраз. Се вели, исто така, дека Балканот било едно од првите места во Европа кое постепено се растопило од предисторискиот мраз и на кое првиот живот на европскиот континент нашол свое засолниште. Тогаш, единствено нешто што има смисла е дека бареме во последните педесет милениуми животот почнал од Балканот и напредувал кон внатрешноста во Европа, како што покривката мраз се топела. Тогаш, исто така, има смисла да се каже дека Балканот е едно од првите места во Европа што било населено со луѓе.

Дури и пред луѓето да биле способни да пишуваат или комуницираат со пишани зборови, тие имале извонредна способност и вештина да цртаат. На карпите во нивните пештери тие цртале симболи од секојдневниот живот, како луѓе, животни и др., или цртале појави кои претставувале главни настани во нивите животи.

Она што е најинтересно за тие камени гравури (петроглифи), или “камена уметност”, е дека тие се далеку помногубројни и преовладуваат во Македонија отколку било каде на други место во светот. Македонија, веројатно, е главен извор на камената уметност со повеќе од еден милион најдени на само 10% од територијата на Македонија што е истражена. Некои од тие изгледа дека се постари од 40 илјади години и содржат мноштво гравури, од симболи за плодноста до ѕвездите на небото. Долго време значењето на овие симбили изгледа дека било загатка за науката, но д-р Душко Алексовски, македонски научник, ја разрешил нивната мистерија.

Алексовски го објавил своето откритие во една статија која ја презентирал на Симпозиумот за камените натписи (Rock Symposium) во Капо де Понте, Северна Италија, во 1977 година. Оттогаш, д-р Алексовски одржал свои петрографски презентации пред канадската и американската публика. Со испитување на петроглифите од палеолитскиот период, па низ вековите и историските ери, научниците се во можност да ја следат еволуцијата на развојот на пишаниот јазик, од едноставни шематски форми до симболични форми и конечно, до геометриските слики и букви што денес ги користиме. Ако сакате да  дознаете повеќе за камената уметност, кликнете на http://www.unet.com.mk/rockart/angliski/prva.htm.

Токму неодамна, во Македонија беше одржан Светскиот конгрес за камената уметност на кој е основана Светската академија за камена уметност, за чиј претседател е избран нејзиниот основач, д-р Душко Алексовски.

1kare124

Ископини во Македонија 

Се чини дека периодот од илјада години пред Христа е од суштинско значење во развојот на македонската нација. Додека било во своите племенски фази, македонското кралство почнало да се здобива со воена сила и политичко влијание во регионот. Нивната желба да се ослободат себеси од соседите кои вршеле упади, го засилило единството и организирањето меѓу првите Македонци.

Тогаш, како што Фригијците започнале да се повлекуваат во Анадолија, се создал еден вакум на моќ, кој со време македонското кралство започнал да го пополнува. Освен тоа, полодните земјишта кои останале напуштени од страна на Фригијците кои се повлекувале, биле премногу привлечни за Македконците кои живееле во планините, па така со време Македонците, исто така, почнале да мигрираат кон исток и да ги населуваат тие земјишта. На македонскиот народ му требал околу еден век за да го зголеми своето население, но до IX век пред Христа успеале да направат нивното присуство да се почувствува во Централна Македонија.

Се верува дека првиот познат македонски центар пред миграциите кон исток бил Аргос (Rupishcha), сместен на околу осум километри јужно од Костур. Со текот на годините, како што македонското кралство се ширело, неговиот центар се преселил во ново место наречено Ега /Aegae/, лоцирано во близина на денешен Воден. “Херодот (8.183) напишал дека “[Пердика /Perdicus/] дошол во друг дел на Македонија и се населил во близина на градините именувани по Мида /Midas/, синот на Гордиа /Gordias/ …над градината се извишува планината Бермион /Bermion/, несовладлива во зима”.” (Стр. 65, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон”, Њу Џерси, 1990 година).

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

 11slave СЛАВЕ КАТИН

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *